За некое чудо организаторите не го одложиле овој настан и покрај глобалната пандемија на коронавирус. На стадионот дошле повеќе од 10.000 гледачи, а настанот онлајн го следеле околу 2,5 милиони луѓе.
Титулата ја освоил Кимура Минору кој победил дури во 3 борби кои му траеле севкупно 262 секунди.
****
Министерот за економија на Јапонија Јасутоши Насимура барал од организаторите да не го одржуваат турнирот, но тие не ги послушале апелите.
Стадионот „Саитама Арена“ е во сопственост на локалната самоуправа и со неа управува Трет сектор.
Трет сектор во Јапонија се непрофитни општествени организации. Приходите и заработката не ја распределуваат меѓу членовите на организацијата туку ги вложуваат во општо добро, целта им е да помогнат на луѓето (како во случајов помагале само они знаат). Вакви компании имаат значаен удел во структурата на јапонското општество.
Затоа организаторите решиле да не го одложат кик-бокс турнирот. Го скратиле капацитетот од 15 на 10.000 што и не е ама баш ништо во глобална пандемија со вирус.
На влез секој гледач добивал маски и апел да не се ракува со луѓето.
K-1 reduces number of seats (15k to 10k) and make actions to follow the instructions by Goverment to prevent the Coronavirus infection.
— Bruno Massami (Бруно Массами) (@BrMassami) March 22, 2020
Photos by Yoshinori Ihara, Bout Review. pic.twitter.com/RWAV8WF65d
Турнирот K'Festa 3 се одржува секоја година. Ова гран-при е составено од 8 борци (плус резерви). И борците носеле заштитни маски како заштита од вирусот.
【K'FESTA.3】3.22(日)さいたま
— K-1【公式アカウント】 (@k1wgp_pr) March 22, 2020
/
ダビド・メヒア選手、バンテージ準備中
\
当日券発売中https://t.co/iRGQUfpLCB#AbemaTV で完全生中継
13:00~本戦
視聴URL▷https://t.co/VrAX7LxZ3q#k1wgp #サンテンニイニイ pic.twitter.com/ayP0Ynk8wb
Титулата ја освоил 26-годишниот Бразилец Минору Кимура на кого му требале само 3 рунди да нокаутира тројца противници. Неговото вкупно време на победите - 262 секунди стана рекорд во светското гран при К-1.
Во 2019 година Јуки Егава за 342 секунди победил тројца противници, а Семи Шилту во 2009-та за 355 секунди.
First round destruction by Minoru Kimura in the quarterfinals #KFESTA pic.twitter.com/SEGd9K3z1f
— caposa (@Grabaka_Hitman) March 22, 2020
Kimura "Tyson" Minoru strikes again pic.twitter.com/g9JMerGsqI
— Jolassanda (@Jolassanda1) March 22, 2020
Kimura "Philip" Minoru wins The Tournament
— Jolassanda (@Jolassanda1) March 22, 2020
3 fights 3 KOs
I am fan forever :) pic.twitter.com/6jALUeabsZ
Кимура “Тајсон“ сега има 37 борби во професионалната кариера и 27 победи од кои 20 со нокаут. Има 9 порази. Кимура се пробал и во ММА, во септември 2016 година дебитирал на Rizin World Grand-Prix 2016, но изгубил за 7 секунди од Чарлс Бенет.