Покривајте си ја устата: јапонски здравствен прирачник од времето на „шпанскиот грип“

Во август 1918 група сумо борачи се вратила во Јапонија од Тајван. Кога почнале да покажуваат симптоми, докторите мислеле дека станува збор за бронхит или пневмонија. Излегло дека донеле шпански грип.

„Сумо грипот“, како што го нарекле јапонските медиуми, најпрвин не бил земан толку сериозно како попознатата колера, чија стапка на смртност била поголема на почетокот на 20 век. Но колерата не била толку заразна, колку оваа нова болест. До моментот кога епидемијата на шпанскиот грип во Јапонија почнала да слабее, тој зад себе имал оставено скоро половина милион мртви, или од самата болест, или од секундардни компликации.

Постерите во оваа статија биле дел од планот на Јапонското централно санитарно биро за образување на јавноста, а биле користени и како илустрации во прирачник од дури 455 страници, со детален опис на симптомите и четири најважни правила за одбегнување на вирусот.

Првото и второто правило го применуваме и сега - одбегнување на директен контакт со луѓе и покривање на устата и носот. Број три е „вакцинирај се“ (се уште неприменливо за Ковид-19), а четвртото, „прави гаргара“.

Вакцината за којашто станувало збор помагала кај симптоми на пневмонија, која била секундарна причина за смрт. Што се однесува до број 2, традицијата на носење маски во текот на сезоната на настинки и грип во Јапонија трае до денес, со или без пандемијата.

Во 1919, јапонските власти помислиле дека нештата се вратени во нормала кога бројот на иницијалните случаи опаднал. За жал не биле во право, затоа што земјата ја погодил втор бран, со стапка на смртност пет пати поголема од првиот. Овој пат таа се проширила од градовите во селата, и збришала цели населби. Некои од луѓето се свртеле кон спиритуализам, молитви и посети на храмови. Други промовирале разни „бабини деветини“. До јуни 1919, кога конечно немало веќе ниту еден пријавен случај.

извор

15 мај 2020 - 15:20