Таг: јапонија

Прирачник за „мрсни" англиски зборови за Јапонци

Јапонија на Западот меѓу другото му ги има дадено икебаните, хаику песните, филмовите на Куросава и самураите. Што ѝ дава за возврат западната цивилизација на Јапонија? Прирачник за користење непристојни зборови од англискиот.

Јапонија и Грција одиграа за Колумбија

По средбите Иран-Нигерија и Бразил-Мексико, најнепопуларниот резултат се случи и на мечот помеѓу Јапонија и Грција кои само и направија услуга на Колумбија која со две победи е сигурен патник во нокаут фазата.

Јапонците упорно се однесуваат како Јапонци

Оваа појава е забележана за време на Мундијалот во Бразил, каде што немаат никаква обврска да се однесуваат ни најмалку јапонски. Сликата е по крајот на натпреварот помеѓу Брегот на Слоновата Коска и Јапонија.

Изгубена во преводот

Причината број десет е што ќе го видите животот во вселената. На девето место ќе го ставиме метрото и тоалетите. Има многу повеќе од десет за набројување. Но тоа што ќе се најде на врвот на сите ваши зошто, без разлика на вашата појдовна точка, ќе биде нешто невидливо. Ќе биде нивниот пристап кон малите и големите работи. Ќе биде нивниот модус вивенди кој ќе ве запрепасти. Ќе Биде чувството на колективност кое ќе ве засрами.  Еве зашто човек треба барем еднаш во живот да ја види Јапонија.

Каде исчезна Јакузата

Јапонската мафија има деликатна позиција во општеството, таа е најрегуларна криминална организација меѓутоа не е забранета со закон, а полицијата ја има признаено и ја регулира (нешто слично како надзорно тело). Сега членството им е драстично намалено, ама не знаат каде им се отидени членовите.

На трудот црни бездомници

Јапонија регрутира бездомници кои се испраќаат во Фукушима за расчистување на областа на нуклеарната катастрофа.

Јапонски секс во Британскиот музеј

Во Лондон на 3. октомври ќе се отвори изложба посветена на сексот во јапонската уметност од 17-20. век. Сликите се толку експлицитни што музејот мораше да воведе забрана за посетители под 16 години, кои можат да ја разгледаат само „со родителско присуство“. Но во Јапонија тие никогаш не биле сметани за порнографски или скандалозни.

Хаику поет-убиец

Полицијата во внатрешноста на Јапонија гони 63-годишен маж за кого се сомнева дека убил пет лица, потпалил две куќи и зад себе оставил трага во вид на хаику песна.

Земјата на пелените за стари

До сега сите знаеа дека Јапонија има сериозно стара популација, сега еден извештај направи сето ова да биде алармантно откако објави дека продажбата на пелени за возрасни ќе ја надмине продажбата на пелени за бебиња.

Јапонскиот фудбалер кој не знае за доста

Секоја чест за Занети и Гигс кои се уште се активни фудбалери, а годинава ќе наполнат по 40 години, но ти се млади во споредба со човекот од Јапонија кој нема намера да престане со фудбалот. Се вика Казујоши Миура, роден е во 1967 година и настапува во втората јапонска лига.

Мажите што чекаат џепарац од сопругите

Во речиси половина од јапонските домаќинства сопругите го контролираат буџетот, ова значи дека тие контролираат и колку пари ќе му дадат на мажот за излегување и слични потреби.

Како Тото Скилачи ги поврза Италија и Јапонија

Ѕвездата на Италија од Мундијалот во 1990 година на кој тие беа домаќини, беше еден од првите познати имиња од чизмата кои ја испробаа јапонската авантура. Од тогаш во Серија А следуваше инвазија на јапонски фудбалери, а некои од нив станаа ѕвезди на чизмата.

Аѕурите со фантастичен пресврт ја добија Јапонија

Селекциите на Италија и Јапонија во рамките од второто коло од Купот на Конфедерации го одиграа највозбудливиот натпревар до сега со дури 7 погодоци. Јапонците имаа предност од 0:2, но упорните Италијанци стигнаа до полуфиналето со пресврт од 4:3 во вториот дел.

Cycleball на јапонски начин

Комбинацијата на точак и топка го дава името на овој спорт кој постои над 100 години. Изумот е на Германецот Николас Едвард Кауфман во далечната 1893 година, а на видеото можете да ги погледнете мајсториите на Јапонците од финалето на Светското првенство во 2010 година.

Старите закони и мирните затвореници

Јапонија ја има најниската стапка на криминал меѓу земјите на ОЕЦД, и најмал број на затвореници во споредба со другите развиени држави, и сето ова благодарејќи на казнени закони стари над 100 години и подеднакво сурови.

Од кал да е, мх-мх да е!

Темава на прв поглед повеќе одговара ко за Мојата кујна. На втор, ова не само што делува ко да не се јаде, туку и како софистициран уметнички перформанс, кој можеби порачува - од кал да е, ексцентрично да е.

Зошто Јапонија е имуна на "Gangnam Style"

Без разлика што PSY од порано е познат во Јапонија, земјата речиси комплетно го игнорира глобалното лудило околу неговиот хит (476 милиони прегледувања до сега).

Глоба заради командна одговорност

Иако кривично уште никој не одговарал, една јакуза организација по граѓанска тужба ќе мора да му исплати парична оштета на семејството на една нивна жртва. Инаку, полицијата никогаш не го реши конкретното убиство.

Не разумеш ти то друже судија

Од денес Јапонија е "најталибанската" држава во борбата против онлајн пиратеријата, воведувајќи 2-годишни затворски казни за сите што ќе бидат фатени со нелегално симната музика или филмови.

Инструменти направени од она што остана по цунамито

Еден можен начин на сеќавање на некаква национална катастрофа - од нејзините остатоци да се создаде нешто трајно и убаво.

Палачинки, од новите

Ајде сега фино лепо еснаф на палачинкари да се собере и да седнат да се договорат кој ќе почне да ги прави палачинкиве. Се викаат Harajaku палачинки, најлесно можат да се објаснат како палачинки во форма на гиро. Кога ќе се договорите пишете.