Поседувањето на пиратирани содржини е нелегално уште од 2010-та, ама дури од денес почнаа да важат казните. Освен затвор обвинетите можат да бидат казнети и со глоба од 26 илјади долари.
Сосема посебни и построги казни се предвидени за тие што ќе бидат фатени дека нелегално аплоудуваат содржини на интернет. За нив има казна од 10 години затвор и 128.000 долари глоба.
Законот е донесен под притисок на лоби групите на музичката индустрија а казните се правдаат со тоа што само една од 10 симнати песни во Јапонија е легално купена.
Противниците на законот, поддржани од јапонски групи на професионални правници, се обидуваат да објаснат дека ваквите прекршоци треба да останат граѓански а не да се третираат како кривични дела.