Јапонија и Грција одиграа за Колумбија

По средбите Иран-Нигерија и Бразил-Мексико, најнепопуларниот резултат се случи и на мечот помеѓу Јапонија и Грција кои само и направија услуга на Колумбија која со две победи е сигурен патник во нокаут фазата.

Група Ц

Јапонија - Грција 0:0

Фудбалерите на Јапонија беа подобар противник во текот на целиот мечот, но не успеаа да го пронајдат патот кон голот. Дополнителен проблем за нашиот јужен сосед кој претежно се бранеше на овој меч, беше исклучувањето на капитенот Кацуранис поради два жолти каротони. Во групата Ц лидер е Колумбија која со 6 бода обезбеди пласман во осминафинале, а вториот патник ќе биде познат во третото коло, а во игра се сите три селекции.

20 јуни 2014 - 09:01