Таг: филм

Дау: филмскиот проект кој забега во антрополошки експеримент

Започнал како снимање филм, а прераснал во огромен проект во кој учесниците јаделе, работеле и спиеле на сет историски лоциран во поранешниот Советски сојуз. И тоа со години.

Феноменот на самозаљубениот актер-режисер

Во новиот Тhe Mule, 88-годишниот Клинт Иствуд кој си игра во сопствениот филм, си мести сцени во кои има тројка со дваесетгодишни девојки. И тој не е единствениот кој го следи старото режисерско - ш`о сакам, тоа си пра`ам.

Слепата пијанистка за која Моцарт напишал концерт

Нов австриски филм, „Госпоѓица Паради“, ја раскажува необичната приказна за жената која откако прогледала почнала да го губи музичкиот талент и општествениот статус. Одлучила дека во мракот сепак се чувствува побезбедно.

Фотографот кој ги визуелизира различните верзии на својата смрт

Секој со минимум способност за интроспекција си го поставува прашањето - и кога, но и како ќе заврши мојот живот? Сепак, ретко кој е доволно храбар тоа и да го визуелизира на начин на кој го прави овој фотограф.

Нов биографски филм за легендите на комедијата, Станлио и Олио

Ги викавме „Дебелиот и слабиот“ а нивните неми филмови ни беа еднакво смешни како оние на Чарли Чаплин. И некако ни е необично што никој до сега не се сетил на вакво нешто - да ја раскаже приказната за ова дуо кое има инспирирано бројни генерации комичари.

Гвадањино го адаптира Дилан: прв филм направен според албум

Лука Гвадањино, режисерот на прекрасниот Call Me By Your Name кој доби Оскар за најдобро адаптирано сценарио (а заслужи и повеќе), објави дека неговиот следен филм ќе биде eкранизирање на албумот Blood on the Tracks од Нобеловецот, господин господин Боб Дилан.

Букбокс гледаше: „Без датум и потпис“ (2017)

На програмата на фестивалот Киненова денес, понеделник 8.10, ова е филм за вината и малите нешта кои предизвикуваат големи последици.

Зеки Демиркубуз во Скопје: големиот филмски егзистенцијалист

Достоевски, Сартр, Ками - сите тие имаат книжевно влијание врз делата на Демиркубуз. Но повеќе од нив, мрачниот егзистенцијализам на неговите дела е резултат на неговата сопствена биографија.

Љубовната приказна на осата и смоквата

„Почнува со секс и завршува со насилство“, вели авторот Мајк Шанахан за животниот циклус на тн. смоквина оса. Неговата нова книга се однесува на историјата на смоквата, но таа не може да биде раскажана без онаа на спомнатиот инсект - еволутивниот партнер на ова дрво.

„Сослушување“ (The Interview, 1998)

Го нарекуваат „австралиски одговор на `Приведете ги осомничените`“. И иако споредбата стои, многу помалиот број ликови и камерната атмосфера на овој филм го прави помрачен, и во актерска смисла уште поинтересен.

Поранешниот извршен директор на Водафон режира нова верзија на „Фауст“

Филип Хам е најпознат по високи функции во големи телекомуникациски компании. Бил и директор на Амазон за Германија и Франција. Пред четири години го напуштил бизнис секторот за да се посвети на уметноста. Сега влегува во филмските води и снима своја верзија на „Фауст“.

Eтиката на правењето филм инспириран од спасувачката акција во Тајланд

Во приказната за 12-те момчиња и нивниот нивниот тренер има сè што може да посака еден блокбастер: неизвесност, акција, херојство, среќен крај. Но по првичните муабети дека Американци се подготвуваат да ја адаптираат, Тајланѓаните велат дека нема да дозволат нејзино „обелување“.

Премиера на документарец за Ферал Трибјун

Во кино Европа на 13 јуни беше одржана загрепската премиера на „Вива лудеж“, филм на Марина Баничевиќ и Саша Станиќ, кои велат дека тој всушност и не е класичен документарец.

Последниот филм на Роберт Редфорд пред пензија

Деновиве, колку да сочуваме здрав разум и да се потсетиме дека на светов има и други теми, гугламе „наши“ луѓе за да видиме како се и што прават. Така дознавме дека еден од нив - Том Вејтс - снима филм со Роберт Редфорд, под наслов „Стариот човек и пиштолот“.

Мадона ќе режира филм за военото сираче кое стана славна балерина

За Микела Де Принс животот не бил лесен. Уште на 4-годишна возраст се соочила со војна, останала без родители, а роднините ја дале во сиропиталиште затоа што имала кожна болест витилиго. Денес е позната балерина чија приказна инспирира. Наскоро таа ќе биде и филмувана. 

Помеѓу фактите и измисленото во „Јас, Тоња“

Обидете се да занемарите дека се работи за филм за уметничко лизгање. Затоа што тој е многу повеќе од тоа.

Врската меѓу „Денот на мрмотот“ и Чехов

Вчера (2.2) во домашни услови се случи колективно гледање на „Граундхог деј“, филмот кој имено се случува токму на втори февруари. На еден од петмината кои (колку и да звучи необично) дотогаш го немаа гледано, во моментот кога во него се цитира Чехов, му текна на расказ на овој автор, кој во некои клучни елементи асоцира на филмот.

Од снимање

Тоа што по навика се објаснува како „филмска магија“ луѓево го викаат „бевме на работа“, иако во дел примериве баш изгледа магија крајниот резултат што го добиле.

Нов филм базиран на вистинска приказна за „Човекот-влошка“

Боливудски филм, кој наскоро ќе биде дистрибуиран низ светот од Сони Пикчрс, зборува за важна тема, и тоа не само за индиското општество - табуата поврзани со женскиот месечен циклус. Инспирација е реална сторија за маж кој цели две децении се обидува да обезбеди хигиенски влошки за Индијките.

Букбокс гледаше: „Исончаност“ (Suntan, 2016)

Грчки филм, кој неправедно е класифициран како комедија. Во него нема речиси ништо смешно - се работи за мрачна драма, која иако почнува лефтерно, полека но сигурно преминува во мачнина. И тоа не затоа што филмот е лош, напротив, затоа што е многу добар.

За девојката која го режираше филмскиот хит Green Street Hooligans

Најгледаниот филм за навивачи во светот го создала шампионка по карате која што редовно била присутна на дружбите и акциите на фудбалските хулигани.

Kраток филм за погребувањето

Како е да знаеш дека официјално си најдобриот копач на гробови? Не се опишува со зборови, велат победниците на овој необичен натпревар.

Замислете да треба да стоите на химна во кино?

Пред една година Врховниот суд на Индија донесе одлука дека националната химна мора да биде изведувана во секоја кино сала пред прикажување на филмовите, а дека публиката мора да стои на нога. Сега филмски љубители од еден мал град во земјата се обидува да пружи отпор.