Таг: фејсбук

Како Фејсбук решава што тебе ти е интересно

Во антички времиња беше едноставно, кој што и да направи на Фејсбук на тебе тоа ти излегуваше на ѕид, па ти го читаш или кенкаш дека некој те гуши. Потоа Фејсбук реши да ти ја среди гужвата на ѕид, и он да одбира што на тебе ти е најинтересно за гледање. Сега е хаос, никој освен Фејсбук не знае што точно ти излегува на ѕид, а што пропушташ, и зошто баш така.

Пола од бугарските клубови не знаат за Фејсбук

Ако барате некое инфо за фудбалските прволигаши од Бугарија, Марек Дупница и Хасково, освен Википедија, нема да ви излезе друго ништо. Тие немаат ниту веб сајт.

Фармите што ќе ги упропастат социјалните медиуми

За да влезе на работа 17-годишната Ким Касипонг мора да мине покрај бодликава жица, шест кучиња и стражар. Девојчето работи со социјални медиуми.

Фејсбук интервју за работа

Не секогаш парите се одлучувачки фактор во изборот на твоето следно работно место, ама ако знаеш дека компанијата на приправниците им плаќа 67.000 долари годишно, тогаш има нешто и во парите. Без разлика на мотивацијата на кандидатите, ова се некои од најтешките прашања од интервјуа за вработување во Фејсбук.

Фејсбук ќе го проголта интернетот

До сега Фејсбук беше голем дел од интернетот, со промените што ги најави Закерберг на Ф8 интернетот ќе стане дел од Фејсбук.

Фејсбук на суд заради цензура на уметничка вагина

„Потеклото на светот" е ремек-дело на Гистав Курбе, славниот француски реалист од 19. век. Но она што на оваа негова слика во уметничкиот свет се толкува како „реалистично", Фејсбук го толкува како „порнографско", и го цензурира. Ова е постхумно продолжување на маките на сликарот кој целиот живот страдаше затоа што самиот сакаше да цензурира еден - столб.

Годишниот булшит извештај на Фејсбук

За годинава во извештајот се тврди дека компанијата овозможила 4,5 милиони вработувања и индиректно придонела со 227 милијарди долари во светската економија. "Овие бројки од воздух ги вади Делоит, консултантската компанија која редовно е ангажирана од одделот на Фејсбук за економија од фантазии," пишува Наутон за Гардијан.

Мал чекор за Фејсбук, голем чекор за Фејсбук човештвото

Затоа што во њузфид нема да престане да ти се појавуваат статии од другар ти од типот Дедо Мраз постои и Шарли ебдо е заговор, Фејсбук реши да воведе копче за решавање на проблемот – пријави лажна вест.

Ќарот од Фејсбук

Во некаков отчет пред светот Фејсбук објави дека ќарот од неговото постоење во економска смисла се 227 милијарди долари и 4,5 милиони работни места во глобалната економија.

Сомнително лице, Фејсбук варијанта

Мина времето кога луѓето се згрозуваа од оние кои на интернет споделуваат секакви интимности од својот живот. Сега на мета се воздржаните, оние кои "нешто кријат".

Како Фејсбук и Кенди Краш ве навлекоа

Постои циклус од четири чекори кој го имплементираат сите интернет икони од Фејсбук, до Инстаграм и Кенди Краш, и кој е непогрешиво успешен во создавање зависност околу нивниот производ. Нир Ејал, авторот на Hooked: How to Build Habit-Forming Products, целиот овој циклус го нарекува "јадица".

Фејсбук го откачи Мајкрософт

- Хало Бинг, како брат? - тоа веќе ќе го нема на Фејсбук.

Ден на дрвото

Надвор е плус 3 во моментот. На следниот тон ќе биде 4 часот наутро. Ќе осамне уште еден ден. Ден на дрвјата во цут исечени.

Брендовите џабе фрлаат пари на Фејсбук и Твитер

Компанијата за пазарни анализи Форестер објавува извештај за брендовите под наслов "Функционални стратегии за социјални врски." Во него објаснуваат што функционира. Фејсбук и Твитер не.

Вилијам Гибсон: „Не го предвидов Фејсбук“

Вчера, 11.11, на Гибсон му излезе најновиот роман, „Периферал", кој потсетува дека тој не е некaков си пророк, туку повеќе спекулативен социолог, способен да предвиди можни сценарија врз основа на тоа како живееме денес. До сега она што излегло од неговото перо, за добро или за лошо, главно се остварило. Единствена утка му е Фејсбук.

"Лајк фармите" на Фејсбук

Терминот звучи крајно криминално и лешперски, ама во основа разликата меѓу лајковите од фармите и лајковите од регуларните Фејсбук промоции, е како разликата меѓу цигари купени во трафика и цигари купени на Бит-пазар - нема бандерола, сè друго е исто.

Фејсбук

И го мразиш и ти треба, и ти чита и памти се што пишуваш, ама и ти врши работа ако дојде време да се организираш. Истите овие дилеми ги има Полјакот Павел Куцзински, ама он ги црта, наместо да ги дебатира.

За "seen" никогаш да не се повтори

Глобално решение за "seen" нема, ама има екстензија за Гугл Хром, па може и од таму да се почне. Ја инсталираш и екстензијата автоматски го блокира "seen" известувањето што треба да му стигне на другиот.

Да не си стегате душа на Твитер и Фејсбук за политика

На Твитер нема доволно место да кажеш што сакаш, на Фејсбук е многу веројатно дека пријателите ќе почнат да те откачуваат ако фатиш да ги труеш со политика. Ова пак создава проблем и кога си офлајн.

Што сè Фејсбук не ви покажува

Официјалните бројки на Фејсбук се дека секој 7-ми човек на планетава барем еднаш месечно се закачува на социјалната мрежа. И покрај ова начинот на кој функционира "њуз фидот" во најдобар случај на корисниците им е јасен до ниво дека се работи за алгоритми и магија.

Колку го чини Фејсбук да не работи 19 минути

Во петокот попладне (по американско време) Фејсбук престана да работи на околу 19 минути. Комплетно цел Фејсбук. Во најдобар случај можевте да добиете порака "Sorry, something went wrong."

Твитер и Фејсбук рекордери на Мундијалот

Финалето на Светското првенство на 13 јули е најкоментираниот настан во историјата на социјалните мрежи. Фејсбук објави рекорд од 280 милиони постови, коментари и лајкови за време на пресметката помеѓу Аргентина и Германија. Претходно приматот го држел Американскиот супер бол со 245 милиони интеракции.

Фејсбук манипулации во име на наука

По веќе неброен пат корисниците на Фејсбук ќе продолжат да дремат на социјалната мрежа, ама притоа ќе бидат комплетно бесни и гневни од неа. Овој пат причината е што Фејсбук експериментирал со речиси 700.000 луѓе.

Фејсбук

Затоа што никој не може да направи да ти биде склет, како што ти сам можеш да си направиш кога изигруваш стражар на Фејсбук.