Таг: џеф безос

Успехот на Амазон е благодарение на државни пари

Гигантот до сега има добиено над 1 милијарда долари во даночни олеснувања, и тоа се само парите што Амазон директно ги зема. На оваа сум треба да се додаде и социјалната помош што државата им дава на голем број од вработените на компанијата, кои заради прениската плата се квалификуваат како социјални случаи.

Милијардерите ја освојуваат вселената

Иднината на вселенската политика ја трасираат повеќемина многу богати индивидуалци, како преку вложување пари, така и преку нивно влијание. Некои од нив ги води научна љубопитност, некои гледаат комерцијален интерес.

Кога светот ќе го добие првиот билионер?

Еден од највпечатливите богаташки моменти од годинава е што богатствата на богаташите од реалниот живот, ограничени од пазар, конкуренција, економија, влада, закони и стотици други фактори, ги надминаа богатствата на измислените ликови како Бајо Паторот, Брус Вејн или Смауг, ограничени само од алчноста на фантазијата на нивните автори.

Време е да се растури Амазон

Во петокот кога Џеф Безос удри есап му излезе дека Хол фудс го добил бесплатно. Само што даде 13,7 милијарди долари за 6-от по големина синџир супер-маркети во САД, акциите на Амазон пораснаа за 14 милијарди долари. А и пред ова математиката не му беше лоша, Амазон генерира 30% од вкупниот раст на малопродажбата во САД (он + офф лајн), и контролира 40% од интернет клауд сервисите.

Амазон станува невиден монопол

Во петок сабајле Амазон објавува дека го купува ланецот гранапи за здрава храна Whole Foods за 13,7 милијарди долари. Еден час подоцна, акциите на Амазон скокаат за 3% што на компанијата ѝ додава 14 милијарди долари. Практично, се купува за беспари. Каде води таа моќ?

Амазон, две децении и милијарди долари подоцна

По 20 години на берза, математиката на Амазон е следна: ако во 1997 на излегување на Амазон на берзата си купил нивни акции за 1.000 долари, денес истите ќе ти вредат 638.000 долари.

Индустриска зона - Вселена

Се работи за заштита на животната средина и за искористеност на соларната енергија, и двете би имале многу поголем успех кога целата тешка индустрија би се преселила во вселената, тврди Џеф Безос.

Џеф Безос заработи 18 милијарди долари за 3 месеци

Човекот е основач и најголем акционер на Амазон, а на фирмата последниве три месеци посебно добро и оди на берза, што не е така лесно постигнување имајќи предвид дека речиси постојано им оди добро.

Како Безос го воскресна Вашингтон Пост

Кога наспроти целиот здрав финансиски разум, Џеф Безос во август 2013-та го купува Вашингтон пост за 250 милиони долари, сајтот има 26 милиони уникатни посетители месечно. Ноември 2015-та сајтот го завршува со 72 милини уникатни посетители. Подеднакво неочекувано беше што наместо да отпушта, Безос вработи уште 70 луѓе, од кои околу 50 се новинари.

Безос во одбрана на Амазон

Њујорк Тајмс на долго и на широко пишува за нечовечките услови (според Западно чувство на нечовечност) за работа во Амазон и дека компанијата би била најсреќна ако сите вработени едноставно се заменат се роботи и да се заврши целата драма. На ова реагира Џеф Безос, не до Њујорк Тајмс, туку до своите вработени.

Зошто Безос го купи Вашингтон Пост

Човекот кој направи милијарди растурајќи ја индустријата за објавување книги, минатата година одлучи да го купи Вашингтон пост, еден од најстарите американски весници. По негови зборови, никогаш не ни помислувал дека сака да има весник.

Правило за состаноци: две пици

Познаваме компании во кое бескрајното состанчење (и форвардирање меилови) изгледа како единствена смисла на работниот ден на некои вработени. Џеф Безос од Амазон има поинаков поглед: состанок САМО ако е тотално неопходен а и тогаш, не со многу луѓе.

Бруталниот систем на Амазон за унапредување

На последното пребројување во јуни Амазон имаше 97.000 вработени. Број 1 во компанијата е Џеф Безос, кој верува дека секој нов менаџер со своето унапредување мора да ја помрдне границата на перформансите во компанијата.

Кога Безос е без осет

Првиот човек на Амазон и Вашингтон Пост е еден од најуникатните претприемачи на денешницата. Книга за него во која само тој не е интервјуиран, открива интересни детали за неговиот стил на менаџирање.

Најиновативните луѓе на 2013.

Во октомври Ванити Феир одлучи да ја објави листата на 50 најголеми иноватори за 2013-та, луѓе кои од темел ги протресуваат индустриите во кои работат.

Зошто Безос купи весник?

Бред Стоун, долгогодишен репортер од Силициумската долина, долго време работи на нешто за што се надева дека ќе биде најисцрпната биографија на Безос до сега. Излегувањето на „Продавницата за сè: Џеф Безос и ерата на Амазон" се планира во октомври.