Основачот на Амазон за време на својот говор на Код конференцијата порача дека ќе мора да почнеме да носиме делови од индустријата во вселена за да "ја спасиме Земјата."
"Само да знаете дека ова е најдобро нешто за планетата. Мора да ја заштитиме, и тоа треба да го направиме со одење во вселената. Никој не сака да живее во ретрограден свет каде мораш да го ограничуваш растот на популацијата," објаснил Безос.
Неговиот став е дека работите за кои се троши многу енергија не треба да се вршат на Земјата, туку треба да ги преселиме во вселената. Очекувањата му се дека ова ќе почне да се случува во следните неколку векови.
"Енергијата тука е ограничена. За барем неколку стотини години целата тешка индустрија ќе биде преселена вон планетата. Земјата ќе биде резиденцијална зона и ќе има само лесна индустрија. Не би требало тука да имаш големи потрошувачи на енергија. Можеме во вселената да градиме џиновски фабрики за чипови," порачува ЦЕО-то на Амазон.
Предноста со фабриките во вселената е што ќе можат многу повеќе да ја искористат соларната енергија заради целата заштита што Земјата ја има од сончевите зраци. Плус тие би можеле 24/7 да собираат соларна енергија.
"Проблемот со другите планети е... луѓето ќе отидат на Марс и ќе го населат Марс, и луѓето треба го направат ова затоа што е кул, ама за тешката индустрија, јас нејзе би ја ставил во вселената," одговорил Безос.