Таг: дрога

Њујорк виа Богота

Од нива од 8 декари колумбиски селанец може да собере листови кока во вредност од околу 80 долари. По првиот хемиски процес од оваа количина може да се добие околу килограм кокаин паста, која чини околу 800 долари. Следниот чекор е да се претвори во килограм чист кокаин.

Наркоман не се станува туку-така

Наспроти кампањската слика во која и едно пробување дрога го претвора остататокот од животот во пекол, реалноста покажува дека на огромен дел од луѓето кои искусиле наркотици, долгорочно ништо страшно им се нема случено.

На кои дроги е Европа?

И според последниот европски извештај за наркотиците, на Стариот континент дрогите се чувствуват ко дома. Само канабис и кокаин се троши 2.000 тони годишно. Конкретно по земји ситуацијата изгледа вака:

Препишана смрт

Во Америка постои само една работа која е поопасна од дрогите и која убива повеќе луѓе од хероинот и кокаинот заедно - лековите на рецепт.

Барселона како дрога

Наркоманите кои навиваат за Барселона сега имаат шанса да добијат два во едно. Шпанската полиција заплени чоколатца во форма на амблемот на Барселона кои се полни со психоделични печурки.

Најмрачниот пензионерски живот на еден фудбалер

Пол Гаскоњ не е единствениот играч кој по завршувањето на кариерата тргна по погрешен пат. Слична приказна има и еден поранешен капитен на Саутемптон кој адреналинот од фудбалот го заменил со мешање на многу алкохол и кокаин.

Дрога, разводи и банкрот во фудбалот

Не е секој фудбалер Руни со договор од 300.000 фунти неделно и ги нема секој истите мераци како Роналдо со 17 милиони евра годишна плата и Ирина Шејк по дома. Овој спорт во некои куќи носи проблеми со пари, депресија, болести и разводи.

Што шмркаат глумците?

Не е во прашање приватно, туку се однесува на тоа со што се дрогираат службено, на сцена, за време на снимање филм или серија.

Њујорк Никс местеле натпревари за дилер на дрога

Информаторите на ФБИ тврдат дека кошаркари на Њујорк Никс местеле натпревари во НБА лигата за својот дилер на дрога кој заработувал кладејќи се против нив.

„Полицаецот“ (2011)

Eден навидум приглуп локален полицаец, еден агент на FBI, тројца криумчари на дрога навлечени на Ниче, две симпатични проститутки, многу кокаин и брутален хумор кој ги разбива сите можни стереотипи. Супер филмче од Џон Мајкл МекДона, братот на Мартин МекДона („Во Бриж“).

Кога кампањите ќе напнат

По 25 години упорни кампањи против користењето дрога и милиони долари потрошени на пораки од типот "Вака изгледа вашиот мозок на дрога," излезе дека целата работа има сосема спротивен ефект.

Куферот на Дерида

Францускиот филозоф, татко на деконструкцијата, пост-структуралист и постмодернист, едно од оние имиња по кои често се посегнува кога човек сака да звучи начитано („како што вели Дерида..."), има нова биографија. А во неа и една интересна анегдота, која колку што зборува за него, толку зборува и за односот на власта кон мислечките суштества.

Секс, дрога и Харвард

Славниот универзитет - симбол на елитистичка и строга академска атмосфера - тукушто откупил огромна збирка книги, постери, филмови, писма и други предмети поврзани со...секс и дроги!

Војната против дрогата не функционира

Не само што е многу скапа, туку војната против дрогата речиси и да го нема променето бројот на зависници во САД. Цели 40 години.

Како се продава дрога

Ако некогаш ве интересирало како може да се продаде 100.000 долари дрога за една недела, еве го одговорот. "Упатството" е од дилер од Њујорк, кој тврди дека во секое време, може да те снабди со која било супстанца.

Најстрашната дрога на светот

Документарецов е нешто како најстрашниот маалски мубает што некогаш сте го чуле. Почнува со потрага по најстрашната дрога во светот (во Колумбија), продолжува со приказни за вистински случаи, па сведоштва на луѓе, до (за малку) пробување на дрогата. А има и интересни ликови по пат. По видеово, Авганистан ќе ви изгледа како детска градинка во која нонстоп делат бајадери.

На што се журка Британија

По основа на запленети дроги на музичките фестивали низ Британија, може да се заклучат две работи: 1. луѓето многу помалку се дрогираат и 2. со многу поевтини дроги.