Њујорк Никс местеле натпревари за дилер на дрога

Информаторите на ФБИ тврдат дека кошаркари на Њујорк Никс местеле натпревари во НБА лигата за својот дилер на дрога кој заработувал кладејќи се против нив.

Федералните агенти во САД истражувале дали кошаркари на Њујорк Никс кои биле зависници од наркотични средства во сезоната 1981/82 биле вклучени во местење на натпревари од кои профитирал нивниот дилер.

Според пишувањата во книгата "Larceny Games: Sports Gambling, Game Fixing and the FBI" на спортскиот новинар Брајан Туоахи, дилерот се кладел редовно на по неколку стотина долари, но во јануари 1982. година тој почнал да вложува по 10.000 долари и тоа против Никси и редовно добивал.

До крајот на март истата година, дилерот погодил шест од седумте натпревари на кои вложувал сум со пет цифри и на сите тие натпревари Никси загубиле.

ФБИ започнале истрага, а осомничени биле тројца кошаркари на Њујорк Никс кои биле зависници од наркотични средства, а дрогата ја набавувале токму кај овој дилер кој важел за најголем дилер на дрога во источниот дел на САД. Тие биле осомничени дека му кажувале на дилерот на кои натпревари да ги вложи парите, но случајот официјално бил затворен во 1986. година заради немање докази.

Никси таа сезона остварија 33 победи и 49 порази, а беа предводени од Мајкл Реј Ричардсон кој 1986. година доби доживотна суспензија од НБА откако по трет пат беше позитивен на тестот за дрога.

16 септември 2013 - 14:45