Таг: деца

Одморот на Џиџи Буфон се состои од фудбал со деца

Наместо јахти на Ибица и Кипар за кои се одлучија многу играчи кои играа на Европското, голманот на Италија реши со партнерката Иларија Д’Амико да оди на летување во Марина ди Маса, во регионот Тоскана. Додека се враќал од плажа, Џиџи решил да влезе да поигра со децата на локалниот терен и ги израдувал.

Кога деца биле испраќани како поштенски пакети

Што се случило кога Американците прв пат добиле можност да испраќаат поголеми пакети по пошта? Залепи марка на бебето, и испрати го кај баба и дедо.

Тестирањето како начин да се одљубиш од јазикот

„Јазикот е едноставен
тој е како дишење.
Излегуваме од матката подготвени за него...
Потоа доаѓа тестаторот.“ 

За што сè плачат копиљаци

Благодарејќи на модерното чудо на технологијата, наречено смартфон, веќе нема да можеш да се вадиш дека твоите ти тераат црна кампања кога на стари години ќе те ругаат за тоа колку неподносливо дериште си бил/а. Неколку примери на прекрасно неподносливи детишта.

Музејска изложба целосно направена од деца

„Куратор" освен на безобразно, асоцира на човек со куп дипломи и долго искуство со организирање изложби. Но една нова поставка во Националниот музеј во Варшава покажува дека за да составиш изложба доволно е да си - дете.

Полн стадион без мажи, со 43.000 жени и деца

Во 2011. година, поради инвазијата на навивачите на пријателската против Шахтјор, Фенербахче беше казнет да игра без публика две домашни средби. Клубот предложи да може да присуствуваат жени и деца до 12 години, турскиот сојуз прифати и стадионот Шукру Сарачоглу прати убава слика во светот.

Кагава и Кијотаке против 55 деца

Иако со противниците од Бундеслига понекогаш игра како против деца, Шинџи Кагава од Дортмунд имаше можност да се проба со 55 деца. А тој само со колегата Кијотаке.

Оживеани детски пронајдоци

За британскиот дизајнер Доминик Вилкокс и неговите чевли што си го знаат патот до дома пишувавме претходно тука. Тој има нов проект кој се вика „Пронаоѓачи", а во него учествуваат 450 деца од неговиот роден град Сандерленд.

За цртани филмови без тутун

„Tутунската индустрија продолжува да ги злоупотребува филмовите за регрутирање нови пушачи", велат од Светската здравствена организација, користејќи го периодот пред Оскарите за да привлечат внимание кон овој проблем. А за него имаат и решение. 

Химната на Барселона од јапонски детски грла

Главен им 8 годишниот Коширо Јамашита кој одлично ја везе, а потоа му се приклучува и хорот. Супер се.

Стоп за играње со глава за деца до 10 години

Фудбалската федерација на САД ќе донесе ново правило во фудбалот на овој континент за да ја намали големата бројка на деца кои добиваат потрес на мозок.

Кога старечките домови се места за живеење а не за умирање

Статистичкиот просек меѓу многу стари и многу мали луѓе е зрелост. Токму таква е оваа идеја за среќавање на двата света, но нејзината зрелост не е ни во статистиката ни во просекот туку во можноста да се уживаат моментите кои го прават животот.

Децата и нивните идоли

Секој страстен фудбалски фан кој ја сака оваа игра од мал, ќе ја разбере реакцијата на децава кои живеат за барем една средба со своите омилени играчи.

Имај прво дете

Иако глобалното сексуално образование генерално промовира апстиненција и пазење, Данците под притисок на се помалиот број новороденчиња малку го проширија ова во спротивен правец и го дополнија со предупредување до тинејџерите за ризиците од предолго чекање да имаат деца.

Правила кои децата нема да ги научат во школо

Ни се виде соодветно денов да го одбележиме со нешто кое не е анти-училишно, но покажува дека наученото во школо може да биде од тотално бескорисно, до спротивно на она со што децата ќе се соочат во реалниот живот. Или што би рекол Марк Твен - „Образованието главно се состои во она што сме го однаучиле".

Другарство

Две мечки од кучиња, коњи, едно дете и мајка со фотоапарат.

Притисок од околината

Некогаш сè што сакаш е само да се вклопиш со другите... без разлика колку се глупи.

Ок е да мислиш дека твоето детенце е ужасна личност

3-годишната ќерка за ручек и бара макарони и сирење. Потресената мајка инстантно ја исполнува нарачката, додека ќерката има уметнички перформанс на белиот ѕид со маскара од 20 долари. Кога е готово јадењето, ќерката непоколебливо декларира дека не го сака тоа, сака шпагети, го фаќа јадењето и го фрла на патос. Мајката е автор на книгата за деца - 3-годишните деца се шупци.

Како го местиш сопственото дете да биде материјалист

Не дека малите ќе имаат разбирање ако им ја покажеш статијава наместо да им купиш таблет за роденден, ама студија на Универзитетот на Мисури препорачува да се смирите малку со подароците.

Децата со големи очи: приказна за една уметничка измама

Во 1960-тите Валтер Кин станал славен по неговите сентиментални портрети на дечиња. Но вистинскиот автор на овие слики била неговата жена Маргарет, која тој сурово ја експлоатирал. Сега нејзината приказна ќе биде филмувана од Тим Бартон.

Дечурлана на вечера од 220 долари (од човек)

Шест второоделнчиња од основно во Бруклин ги носат на вечера кај Даниел, еден од најлуксузните ресторани во Њујорк. Вечерата е составена од дегустирање на 7 различни јадења од ресторанот, со ред од предајдење до десерт. Нивна оценка - репете од десертот.

Ајпад поинтересен и од чоколади

Во конкуренција со Дизни, Никелодеон, ЈуТјуб, Нетфликс, МекДоналдс, Тојс ар ас и неколку видови бонбони и чоколади, АјПад е број 1 бренд кај деца од 6 до 12 години.

Македонските деца се најсреќни на светот

Колку и постарите да се трудат да биде поинаку и прописно да им го сјебат животот со своите проблеми, македонските деца се најсреќни на светот. Не се знае што да се прави со ваква младина.

Први Септември (пост фестум)

За вашето чедо, големо или не, Вие сте силни и посветени како Супермен, иновативни и богати како Стив Џобс и смирени и полни со мудрост како Далај Лама.