Одморот на Џиџи Буфон се состои од фудбал со деца

Наместо јахти на Ибица и Кипар за кои се одлучија многу играчи кои играа на Европското, голманот на Италија реши со партнерката Иларија Д’Амико да оди на летување во Марина ди Маса, во регионот Тоскана. Додека се враќал од плажа, Џиџи решил да влезе да поигра со децата на локалниот терен и ги израдувал.