Баерн го спотераа малери со повредени играчи. Фамозниот доктор Милер-Волфхарт кој Гвардиола го избрка од клубот сега го викаат да се врати назад. Екипата се менува во чекор со сезоната.
Од претседателот на Баерн Минхен па се до еден верен навивач на овој клуб од фавелите во Рио - документаркава има 13 ликови од 9 земји кои објаснуваат што значи „Mia san Mia“ феноменот. Трае саат и пол и секоја сцена вреди внимание.
Сè започнало со интервјуто на ултра-талентираниот млад тренер на Хофенхајм, Јулиан Нагелсман којшто му раскажал на репортерот на Eurosport повеќе отколку што треба.
Најдобриот напаѓач во германската Бундеслига Полјакот Роберт Левандовски дал интервју за изданието Der Spiegel кое и тоа како не му се допаднало на Баерн Минхен.
Николај Милер, талентирниот фудбалер на Хамбургер го даде победничкиот гол на мечот против Аугзбург во 8’ минута и неверојатно несмасно го прослави па ги искина лигаментите и ќе паузира 7 месеци надвор од фудбалот.
Германката Бибиана Штајнхаус ќе стане првиот женски судија во Европските топ лиги а во тоа многу ѝ помогна искуството што го имаше на мечот на Баерн Минхен пред неколку дена. Судела преку 80 меча во втората лига.
Пред две сезони Волфсбург му гостуваше на Баерн и само го налути со водството од 0-1 после голот на Даниел Калиџури. На полувремето влезе Полјакот Роберт Левандовски, за девет минути ја изрешета мрежата на противникот и постави неколку рекорди.
За разлика од студениот Тухел, Петер Бош носи лавина емоции, чудни гримаси, тензија и пресинг на теренот, расправии со судиите и сè она што во Дортмунд го немаше по заминувањето на Јирген Клоп.
Во 2006-та беше член на неверојатната генерација на Италија која што го освои Мундијалот и стана светски шампион, а денес праќа апел преку познатата социјална мрежа за да најде нов клуб.
Дури 59.934 навивачи на Дортмунд ја обновиле сезонската карта на отворање на сезоната 2017/2018. Тоа е 99.8% од целиот капацитет на стадиониот. Какви господа од навивачи.
Германските клубови и натаму држат лекции за тоа како треба да се ценат верните навивачи и нивниот џеб. Половина екипи од Бундеслигата ги поскапеа цените на влезниците за следната сезона, но тоа не е ништо за нивниот стандард.
По некои „структурални измени“ УЕФА донесе одлука околу спорното прашање за учеството на Ред Бул Салцбург и Ред Бул Лајпциг во Лигата на шампионите, места кои двете екипи со ист сопственик и спонзор ги заслужија во австриската и германската лига.
Стандард муабет на двајца другари кога ќе отворат билтен и ќе решат да играат на голови е следново: Батали ги Французите не паѓаат таму многу голови, дај да ги видиме Германците. Статистиката вели дека муабетот им држи вода, ама ако ги бркале сезонава и жабарите немале да згрешат.
Нема многу играчи на светов кои може да се пофалат со тоа што му успеа на Том Штарке, третиот голман на Баерн на кого не му сметаше 5 години да дреме на клупата но и да се радува на еден куп титули.
Фудбалската сезона во најдобрите европски лиги заврши, па време е за мала рекапитулација на состојбата во Англија, Шпанија, Италија, Германија, Франција, Холандија, Русија, Белгија, Турција, Португалија и Украина.
Тоа што му се случи на Баерн Минхен во финалето од ЛШ 1999-та против Манчестер, слично нешто му направи на Шалке две години подоцна. И неутрален навивач да го гледа овој развој на настаните сигурно ќе се возбуди, а да не зборуваме за оние што им се најверни.
Просто кажано, ако сакаш да освоиш титула во првенство договори го младиот Французин Кингсли Коман, талентот кој ја освои француската, италијанската и германската лига.
Месец мај освен за освојувањето на титулите носи жестоки битки и на дното од табелите. Ова е ситуацијата во топ 5 лигите во Европа каде освен во Серија А во сите други првенства остануваат уште две кола до крајот. Најголема неизвесност има во Германија и Франција.
Со неговите дресови играат најсиромашните деца во Африка, за него Гвардиола кажа дека е најинтелегентниот фудбалер што некогаш го тренирал, а на неговата слободумност и поимање на демократскиот свет се поклонија и великаните на Баерн Минхен.
На 6. април 2002 година, голманот од БиХ го прими најсмешниот гол од кога се игра германската прва лига. Правеше и други киксеви но Германците го паметат по харизмата.
Ретко кој фудбалер може да се пофали со достојно враќање од турскиот фудбал каде ѕвездите најчесто одат пред крај на кариерата или за богати договори. Марио Гомез докажа дека Турција знае да послужи и за ожживување на формата.