Во сезоната 2000/2001 во последното коло од Бундеслигата закажано на денешен ден Баерн Минхен влезе со 62 бода, а Шалке со 59. Тоа значи дека на Баварците им треба само еден бод за освојувањето на титулата.
Шалке го пречекува Унтерхакинг, а Баерн му гостува на Хамбург. Ситуацијата толку се згуснува што овде не помагаат никакви апчиња, ни за едните ни за другите. По 26 минути игра Шалке дома губи 0:2, ужас ситуација, но до 45-та минута стигнуваат до 2:2 со надеж за победа и кикс на Баерн во Хамбург.
Додека на таа средба мрежите мируваат, на Гелзенкирхен се случува голеада. 69-та минута 2:3, 73-та 3:3, 74-та 4:3. За сигурни 3 бода во 89-та минута паѓа уште еден гол за конечни Шалке - Унтерхакинг 5:3.
Во таква ситуација на навивачите на Шалке не им преостанува ништо друго освен да се надеваат дека во судиското продолжение Хамбург ќе успее некако да пикне гол. И да, тоа се случува во 90 минута кога Босанецот Сергеј Барбарез со глава му дава гол на Баерн и му носи титула на Шалке.
Навивачите излегуваат на терен и титулата почнува да се слави, арно ама во 94-та минута Баерн Минхен изведува индиректен удар по кој во Хамбург течат солзи од радост, а во Гелзенкирхен од мака.
Оливен Кан го откорна корнер знаменцето од среќа и од што не знаеше што да му прави легна со него на земја, а Шалке уште чека титула од 1958-ма.
Одличен видео приказ од лудиот расплет на настаните кој се случи пред точно 16 години.