Звучи неверојатно, но вистинито.
Човекот кој го освоил највредниот пехар во историјата на фудбалот, онаа златната „Божица“ која што ја доделува ФИФА на светскиот шампион вели: „Кој ќе ме земе ќе направи зделка, би можел да играм уште две години на високо ниво“. И тоа го напишал на ЛинкдИн.
Пред 11 години беше еден од омилените играчи во составот на Марчело Липи на Светското 2006 во Германија. Во кариерата Кристијан Ѕакардо настапуваше за Болоња, Палермо, Милан, Волфсбург (со кого сензационално ја освои Бундеслигата со Џеко и Графите), играше за Парма, Карпи и Виченца.
Две години пред да стане светски првак го освои и младинското европско првенство У-21 2004-та со Италија.
Пред неколку дена се збогувал со Виченца со која имал договор до 2018. година. 35-годишниот Ѕакардо во своето време важеше за еден од постандардните стопери во италијанската лига.
„Го раскинав договорот кој ме врзуваше со Виченца до јуни 2018 и сега сум слободен фудбалер. И натаму сум добар физички, можам да играм уште 2 години на високо ниво: кој ќе ме земе ќе направи голема зделка. Сериозен фудбалер сум, професионалец и снажен!“, пишува Ѕакардо без лажна скромност и во надеж дека некој спортски директор или претседател ќе му понуди нов договор.
Стоперот објавата ја напишал и на англиски јазик а во неа набројува и каде се играл: од Серија А, во Бундеслига, во Серија Б, за репрезентацијата на Италија. Долга кариера, шегата на страна. Сега е спремен пак да биде предмет на дискусија меѓу тренерите па останува да се види дали ЛинкдИн може да му пружи рака во таа намера.