Во 2006-та беше член на неверојатната генерација на Италија која што го освои Мундијалот и стана светски шампион, а денес праќа апел преку познатата социјална мрежа за да најде нов клуб.
Некои и после 10 години уште играат активно, некои запливаа во тренерски води, некого поврзуваа со мафијата, а некој замина на далечниот исток. Кои беа играчите кои го обоија небото со аѕурна боја таа 2006-та?
Во 2006. година стана светски првак со Италија и првиот Италијанец кој ја освоил Златната копачка за најдобар стрелец во Европа, има две титули со Баерн Минхен и смени преку 12 клуба. Конечно стигна до финишот.
Легендарниот кабинер на Италија, Пјетро Ломбарди починал на 92 години, а Даниеле Де Роси при последниот поздрав му го оставил во ковчегот златото освоено на Светското првенство 2006. година во Германија.