И после Италијанците не давале голови

Стандард муабет на двајца другари кога ќе отворат билтен и ќе решат да играат на голови е следново: Батали ги Французите не паѓаат таму многу голови, дај да ги видиме Германците. Статистиката вели дека муабетот им држи вода, ама ако ги бркале сезонава и жабарите немале да згрешат.

Со 1.123 голови по одиграни 38 кола во сезоната 2016/2017, Серија А ги урна сите стереотипи дека се лига во која се игра на резултат, дека нема многу голови и дека мислат само на одбрана.
 
За нив оваа бројка е трета најголема во историјата на италијанскиот фудбал и сезонава која измина се поефикасни од англиското, шпанското, германското и француското првенство. За разлика од минатата сезона овој пат во Серија А паднале 144 голови повеќе.
 
Што се однесува до сите сезони во последнава декада константно ефикасни се Шпанците кои ниту еднаш не се спуштиле под 1.000 голови во сезона, додека Франција никако да стигне до 1.000-ка и сезонава им недостасувале само 9 гола за тој подвиг.
 
Инаку во сите лиги со исклучок на Германија во една сезона се играат по 380 меча. Во Бундеслигата има 306 средби бидејќи лигата им се состои од 18 екипи.
 
Ако се исклучат Италија и Шпанија, Германците ќе бидат лидери по просечниот број на голови секоја сезона. Нивната најефикасна сезона е 2013/2014 кога во просек по натпревар давале по 3,1 гол и успеале да постигнат 36 голови повеќе од Французите и покрај тоа што имаат 76 натпревари помалку.
 
Број на голови и просек во топ 5 лигите во изминативе 10 сезони.

Лиги со најголем просек на голови.

Освен Аталанта - Киево сите други испаднаа ГГ3+ во последното коло од Серија А.

21 јуни 2017 - 11:35