ОД КАДЕ СЕ ПОЈАВИ ПЕТЕР БОШ
Пред една година непознатиот Холанѓанец го тренирал израелскиот Макаби, а денес е тренер на втората екипа во Бундеслигата (не втората во обид - Ред Бул).
Најголема трамполина во кариерата на Холанѓанецот Петер Бош стана Ајакс. За една година тој успеа да ја скоцка оваа екипа и да влезе со неа во финалето на Лига Европа. За таквиот успех во Амстердам беа спремни да го носат на раце.
Но се било поинаку пред една година кога тој немал ама баш ништо со Ајакс, не бил познат и признат тренер а едно време дури и работел како директор во лутиот ривал на „Копјаниците“ Феенорд од Ротердам.
ДИРИГЕНТСКА ПАЛКА ВО ДОРТМУНД
По заминувањето на Томас Тухел во Борусија кадровските прашања на „Вестфален“ беа отворени. Раководството веќе не сакаше да експериментира со несвојствени специјалисти: Тухел беше одличен тренер, но не успеа да стекне другарски однос со играчите, управата и навивачите. Му замеруваа дека имал студен однос во средината каде врие.
Главни претенденти станаа Лусиен Фавр (Ница), Петер Бош (Ајакс) и Диего Симеоне (Атлетико). Фавр и Симеоне одбија веднаш, а Бош ја оствари животната желба: долго време бил голем фан на Бундеслигата, уште во детството гледал германски фудбал а потоа заиграл и за Ханза.
На промоцијата Бош открил дека дури и баба му била голем навивач на ривалот на Борусија - Шалке.
ПОЛИГЛОТА
Голем плус во резимето на Бош било и отсуството на јазична бариера. Тој владее холандски, германски, француски, шпански и англиски јазик - квалитет којшто е измислен за многунационалната Борусија.
„Петер Бош многу разговара со своите играчи и секогаш им дава нови идеи. Тој знае многу јазици што му овозможува да работи без преведувач“, вели за него Германецот од Ајакс Амин Јунес.
Но не било се така едноставно. Баер Леверкузен со Руди Фелер бил сериозно заинтересиран за човекот кој стигна до финалето на Лига Европа после само една година во екипата. Но решавачка била филозофијата на Борусија Дортмунд која што била поблиска до Холанѓанецот.
ТАКТИЧКИ МАЈСТОР
Бош е приврзаник на формацијата 4-3-3 каде тројца напаѓачи ја притискаат противничката одбрана без престан. Високиот и постојан пресинг се главна карактеристика на неговите екипи. Таков “Кројфовски стил“ идеално ќе му легне на Дортмунд.
Во Борусија има многу брзи крилни играчи како Марко Ројс, Андре Ширле, Осман Дембеле и пред се Емре Мор.
ВРАЌАЊЕ НА ИЗВОРОТ
Носталгијата за Јирген Клоп веќе одамна како да помина а сега се поставува прашањето дали Петер Бош ќе биде вториот Клоп? Лавина емоции, бурни реакции, чудни гримаси, расправи со судиите и постојана тензија и пресинг на екипата - се тоа е својствено и за Бош.
Тој посебно сака да им дава шанса на младите играчи и како и на Клоп не му се потребни големи имиња. Тие гледаат таленти каде што никој не ги гледа: дали Роберт Левандовски во Познањ или Каспер Долберг во Силкеборг.
И да не заборавиме, просечната возраст на Ајакс во моментот на финалето на Лига Европа беше 20,45 години!
Благодарение на Бош Европа слишна за Бертран Траоре, Каспер Долберг, Џастин Клајверт и Хаким Зиеш. Борусија во последните години се јавува како извор на таленти и Холанѓанецот би можел да биде на право место во право време.