Навивачите на Борусија Дортмунд остварија уште еден рекорд во склад со нивната репутација откако од клубот синоќа соопштија дека 99.88% од сезонските карти биле обновени.
Според соопштението на германскиот клуб, само 66 од 55.000 навивачи не ги обновиле сезонските карти што е асполутен рекорд во историјата на Бундеслигата. Дури 45.000 останати навивачи се на листата на чекање во случај некој да откаже и да им се посреќи да ги извлечат.
Оваа страст не е ништо помала од онаа лани кога само 84 навивачи решија да не ги обноват своите сезонски. Со просечна гледаност од 79,712 гледачи на домашен терен „Сигнал Идуна Парк“ (познат и како Вестфаленстадион) е најгледаниот клуб во Европа. Стадионот има капацитет од 81,350 места.
Барселона и Манчестер Јунајтед минатата сезона го пратеа Дортмунд со 77,944 и 75,290 гледачи во просек по натпревар. Борусија е оснонвана во 1907 година и е еден од најтрофејните германски клубови како дома така и на меѓународен план.
Клубот мина златна ера низ ’90-те години а се врати на голема сцена од 2010 па наваму откако на почетокот на ’2000-те беше во сериозни финансиски проблеми. Навивачите со нивната верност, голема посетеност и посветеност го извлекоа клубот од кризата во проблематичниот период.
54.934 hinchas del Borussia Dortmund renovaron su abono para la temporada 2017/18. 99.8% de la capacidad del estadio. Señora hinchada pic.twitter.com/61yQIddrOS
— Diego Gard (@diepanda_13) July 11, 2017