На хартија поранешниот градоначалник на Лондон е еден од најкосмополитиските ликови во светската политика: роден е како американски граѓанин, прадедо му е Турчин, и е ветеран новинар од континентална Европа. Со различно ниво на течност зборува француски, италијански, германски и шпански. Во пракса ова и не се преточи во некое посебно космополитско однесување.