Политиката според која децата учат на јазикот на нивните родители погубно влијае врз британското општество, бидејќи неговите граѓани потоа не го познаваат англискиот, вели Џонсон.
„Минавме низ долг период во која се случуваше некој вид мулти-култи балканизација на нашето општество. Мислевме дека е добра идеја децата да учат на нивнито мајчин јазик. Но тоа се покажа како катастрофален потег. Тие треба да учат на англиски".
Оваа изјава се надоврзува на онаа на Најџел Фараж, лидерот на десничарската UKIP (UK Independence Party), кој веднаш по новогодишните празници истапи со став дека докторите и медицинскиот персонал кој не зборува добро англиски треба да биде отпуштен, а за да се утврди колкав е нивниот број ќе треба да се спроведе (екстерно?) тестирање на сите 130,000 вработени во здравствениот сектор.
Додаток на „балканизацијата", термин којшто во англискиот е одамна усвоен како синоним на примитивизам и изолираност (за што пишувавме и тука), според Џонсон се и медиумите - тие се толку достапни, што секој може да си гледа програма на својот јазик, да се „засолни“ во сопствената заедница и да не чувствува потреба да го учи јазикот на земјата во којашто живее.