"Драг Борис,
Честито на станувањето Министер за надворешни работи, една од најфасцинантните позиции на светот. Доволно те познавам за да знам дека нема да ти пречи што те советувам преку твојот омилен дневен весник, во кој често пати ги соопштуваш твоите највнатрешни мисли.Доаѓаш на оваа позиција во време кога светот продолжува со систематска избувливост и непредвидливост, кон која доста компликации придонесоа и твоите моќи на убедување за напуштање на Европската Унија. Меѓутоа многумина кои не се согласуваа со тебе околу ова, како јас, сакаат добро да ти оди работата. Нашата нова премиерка беше паметна што тебе те назначи оваа позиција заради неколку причини, една од нив беше тоа што ти би можел да бидеш одличен во работата," пишува Хејг во воведот од отвореното писмо до Борис Џонсон.
Крајно педантно Хејг во писмото ги реди најдобрите "десет совети што може да ти ги дадам пред јавност". Првиот совет и реченицата со која отвора Хејг е: "Гледај да искористиш што е можно повеќе од несекојдневната предност што во исто време си и добро познат и потценет. Слободно игнорирај го исмевањето со кое беше поздравено твоето назначување во одредени кругови."
Некаде во петата точка од списокот, Хејг му посветува внимание на Западниот Балкан:
"5. Докажи ја твојата поента дека Европа не е истото што и ЕУ со истуркување иницијативи на југо-истокот од нашиот континент. Решавањето на кипарското прашање ќе биде огромен плус за стабилноста во Медитеранот, а ние ја имаме клучната улога на сила гарант. А присуството и влијанието на Британија во Западниот Балкан е клучна за спречување на неговото враќање кон конфликтите. По овие прашања твоите европски колеги ќе бидат благодарни за твојата помош, без разлика колку од прва тие би биле скептични околу тебе."
Целото писмо, тука