Му ја скратиле апанажата и плус му замериле што во воена униформа отишол кај Кинезите да ја слави нивната армија. Заради ваквото малтретирање од страна на државата, овој нескротлив аристократ апелира да му се почитуваат оние права кои денес ѝ се загарантирани дури и на рајата.
Неодамна на 27. август славел 18-ти роденден и полнолетство а само 53 дена подоцна бранеше против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите. Кој е бисерот Миле Свилар?
Еден од најдобрите светски голмани во моментов, Белгиецот Тибо Куртоа кога и да брани за репрезентацијата, за време на интонирањето на химната во еден момент ја чепка брадата со ракавиците. Ај еднаш, ај два пати, ама нон-стоп?
За игра нема уште многу и се гледа крајот на квалификациите кои ќе завршат во октомври. Потоа во ноември ќе се играат драматичните баражи за тоа кои ќе влезе во последниот вагон за Русија. На тоа не мислат 5 селекции кои може да уживаат во пласманот.
Линијата грчки прехрамбени производи на Лидл "Eridanous" стандардно е во пакување со слика од православната грчка црква Анастасис на Санторини. Во реалниот свет црквата стандардно е со сина купола и крст, во Лидл светот на корпоративна претпазливост и пресметано угодување, истата оваа црква остана без крст.
Еден од најдобрите фудбалери во Европа во изминатите неколку сезони, се соочува со крај на репрезентативната кариера откако ја спукал со селекторот Мартинез.
Иако заработува повеќе од 100 илјади фунти неделно, Белгиецот со мароканско потекло важи за еден од поскромните фудбалери во престижната Премиер лига. Кога не ги практикува Рамазанските пости, дели помош на сиромашните во Мароко.
Софиан Хани е 26-годишен играч од средината на теренот на Андерлехт. На синоќешното гостување во Остенде, Хани ја издрибла целата одбрана на противникот и постигна фантастичен гол.
Да видиш фудбалер висок „метро и жилет“ како се бори со крупните стопери делува комично. Но на Маурицио Сари и Дрис Мертенс ама баш ич не им делуваше комично, напротив направија експеримент од кој произлезе најдобрата лажна деветка која некогаш играла во Серија А.
Сложно како во ретко кои прилики, белгиските парламентарци го одбија предлогот за укинување на бесплатното пиво и вино кои ги добиваат за да не мораат да ги напуштаат пленарните седници.
Бројката е нешто ситно над 400 илјади велосипедисти субвенционирани од белгиската влада да користат велосипед за да стигнат до работа, за што во просек добиле субвенции од нешто над 230 евра годишно.
Мечот Андерлехт - Жерминал Екерен од 1995. година ќе остане запаметен по Стан Ван ден Бујс, бекот на гостите кои постигнал хет-трик од автоголови во триумфот на Андерлехт од 3:2.
Кога Арда Туран замина во Барса, Атлетико Мадрид знаеше дека тешко ќе најде достојна замена за Турчинот. Од Монако го доведоа Караско и го гледаа само како перспективен и амбициозен играч, но тој брзо стана важен дел од првиот тим.
Во 1995. година белгискиот фудбалер Жан-Марк Босман одлучи пред Европскиот Суд за човекови права да ги тужи УЕФА, Белгиската фудбалска федерација и клубот Лиеж поради тоа што до тој момент играчите по завршување на договорот со клубот немале целосна слобода во изборот на новата средина, а клубот можел да ги обврзе да останат. Босман ги добива на Суд и од тогаш играчите имаат далеку повеќе права од клубовите, а менаџерите се тие кои тријат раце.
Кога првпат седнал во болид на тестови на патеката во Белгија, конструкторите останале со отворена уста како е можно малиот толку лудо да вози. После два дена излегол со велосипед добро да ја проучи патеката каде се возела трката.
Дадоа 10 гола, најмногу од сите досега на Европското, а вечерва Велшаните го постигнаа можеби и најубавиот погодок во досегашниот тек на турнирот и заслужено одат во полуфинале каде ќе играат против Португалија.
Фудбалерите на Белгија го покажаа својот голем потенцијал, а жртва на нивниот пат во нокаут фазата беа Унгарците кои до 78 минута се држеа на 1:0, a потоа доживеаа дебакл. Во четвртфинале тимот на Марк Вилмотс оди на Велс.
Со стручни лица, нови академии, преоѓање на нови методи и многу трпение Белгија стана прва на ФИФА ранг листата иако во минатото пропушти дури пет големи натпреварувања по ред. Ова е сторија за развојот на младите фудбалери во оваа земја.
Заврши натпреварувањето по групи, во Ф први се Аѕурите, втори Белгијците, трети Ирците а Шведска и Ибрахимовиќ го завршија учеството на ЕП во Франција.
Додека Ирска го држи приматот на најдобри навивачи на Европското првенство каде на секој ќош прават забава, освен од Швеѓаните добија конкуренција и од Белгијците кои на девојчево, инаку навивачка на Ирска, со еден мал гест и направија да биде посреќна. Видеото е од железничката станица во Бордо.
Со двата гола на Лукаку и погодокот на Витсел, селекцијата на Белгија стигна до првиот триумф на ЕП 2016 со кој се доближи до осминафиналето. Во третото коло ќе имаат директен дуел со Шведска за втората позиција во групата
Италија поведе од првата шанса на мечот преку Џакерини, а одличната тактичка поставеност и голема борбеност им овозможи на Аѕурите со 2:0 да го затворат мечот во 91’ минута.