Таг: Барак Обама

Претседателот и братот битанга

Го викаат "господине Претседател," ама ниту живее во Белата куќа, ниту некој го смета за претседател, ниту некој би гласал за него, само е полубрат на претседателот Обама.

Три пати мери, еднаш Осама

Барак Обама под притисок на своите советници три пати по ред ја откажувал мисијата за убиство на Осама бин Ладен, стои во новата книга Лидерство од позадина: Колебливиот претседател и советниците кои решаваат наместо него.

Дотком запеа против Обама

Газдата на блажeноупокoениот сервис Megaupload на Јутјуб лансираше песна која а) ги повикува Американците да не гласаат за Обама, и б) себе се споредува со Мартин Лутер Кинг. В и г се дека песната е тралалајка и дека богатството на Ким Дотком изнесува близу 200 милиони долари.

Умешноста да се биде политичар во трагедија

Додека се подготвуваа да зборуваат колку е ужасен другиот, Обама и Ромни ја добија информацијата за пукањето во Аурора, па планот се промени. Не можеа да зборат против другиот, ама и не можеа да не се појават на говорница, бидејќи треба да изгледаат како лидери.

Обама и Ромни како средношколци на екскурзија

Од 4-те милијарди долари (4.000 милиони долари) што Обама и Ромни ќе ги потрошат на претседателската кампања, 80% ќе бидат фрлени во празно, признаваат стратези од двете страни.

Чекајќи го првиот црнец

Обама не можеш да го сметаш за првиот црн американски претседател, максимум што може да добие човекот е дека е првиот "мешан" претседател, порачува Морган Фримен.

Обама го изгоре новчаникот

Додека го гледаат загревањето за претседателските избори, најголем мерак на републиканските аналитичари им прави тоа што Обама ги троши парите како тинејџер на екскурзија.

Обезбедување на летен распуст

На годишниот одмор на Обама, најмногу мерак си направиле Барак, Мишел, нивните ќерки и сите членови на Тајната Служба што го обезбедувале семејството.

Човекот што треба да го продаде Обама

Еден ден откако даде отказ на позицијата заменик шеф на кабинетот на Обама, Џим Месина тргна на најнапнатиот курс за менаџери. Целта беше како најдобро да се подготви за позицијата - менаџер на претседателската кампања на Обама.

Обама, жив или мртов

САД минатата недела објави награда од околу 7 милиони долари за главите на неколку високи команданти на Ал-Шабаб, сега Сомалијците со иста жестокост ја возвратија мерката, нудејќи награда за главата на Обама и за Хилари Клинтон.

Кешот на претседателот

Следејќи го најстарото правило за соопштување на лоши вести, Мит Ромни по долги години криење на имотната состојба, во петокот по 17 часот, ја објави својата даночна пријава.

Брендовска битка за претседател

Од април 2011-та до април 2012-та Обама и Ромни имаат потрошено 109 односно 91 милион долари. И тука како и во кампањата комплетно се разликуваат, од тоа кој им е мобилен оператор, до продавницата за хефталици.

Журката на Обама

Секоја забава од која ќе заминеш дома со 15 милиони долари отприлика влегува во ранкот на - феноменални.

Обама да почне со манџи

Докторите од Вашингтон имаат проблем со кампањата на Обама, поточно со делот со јадење хамбургери и хот-дог пред фотоапаратите.

Менувам претседател за боксер

Кога ќе пропуштиш прилика да завршиш во Белата куќа, добиваш прилика да станеш прва дама во прегратките на српски боксер кој ограбувал банки.

Напред

Во 7-минутното видео кое ги нагласува економските успеси на Обама, штабот на американскиот претседател го откри слоганот кој треба да го донесе и вториот мандат: FORWARD.

Изборите од 2 милијарди долари

За да влезе во Белата куќа, во 2008-ма Обама успеа да собере 750 милиони долари во донации. Годинава веројатно ќе заокружи на цела милијарда.

Агенти на службен пат

12 агенти од обезбедувањето на Обама во Колумбија се вратени назад во САД, заради причини кои многу потешко ќе ги објаснат дома пред жените, отколку кај шефот.

Даночните пријави од Белата куќа

За истата работа, на истата позиција, во истата "фирма" минатата година Обама заработил речиси 1 милион долари помалку отколку во 2010-та.

Претседателски миксови

Предизборната кампања официјално уште не почнала за Обама, ама човекот сериозно се загрева. Покрај бацувањето и гушкањето бебиња, Обама почна и со пеење. До сега има испеано по една песна од Лејди Гага и LMFAO, и еден дует со Мит Ромни.

Барак О бла-бла ма

Еден дански тв автор и водител најпрописно го избламира американскиот претседател покажувајќи како тој на сите светски државници им ги вергла истите (ама буквално истите!) фори и метафори. И после во нивните земји се палат како Обама им порачал ова или она. Мајсторски сработено!

Надувани очекувања

Кога се кандидираше за претседател, ветуваше дека медициннската марихуана ќе ја остави на регулативата на сојузните држави и локалните власти. А сега е бетер од Буш.