Таг: ангела меркел

Некому мајка, некому Меркел

Во 2015 година светската јавност ѝ аплаудираше и ја споредуваше со Мајка Тереза кога реши да ги отвори вратите за бегалците од Сирија и други несреќни земји од Блискиот исток. Денес насловните во Германија се полнат со слики од екстремни десничари кои "ловат" странци по улиците и се поздравуваат со нацистички керефеки. Тоа е контрастот кој сведочи за тектонските пореметувања од бегалската криза која во Европа донесе три милиони бегалци 

Руски гас, германски проблем

И во врвот на Студената војна, германските домови се греат благодарејќи на горивото испорачано преку 4.000 километри долгиот советски нафтовод Пријателство. Иако Пријателство ќе продолжи со работа, апдејтот на руско-германската соработка во форма на Северен тек 2, е сериозен извор на проблеми и притисоци врз Меркел.

Кина вс. Европа, Ф1 против Фиќо

Ангела Меркел е канцеларка на Германија скоро 13 години, и патува во Кина речиси еднаш годишно. Таа беше на зелени пазари и во стари храмови, зборуваше со градоначалници и дебатираше со партиски функционери. Таа ги виде германските фабрики и ги прегледуваше кинеските компании. Ѝ држеа часови по готвење и ѝ презентираа автономни автомобили. Ниту една друга држава го нема толку побудено интересот на Меркел како Кина.

Вештината наречена Ангела Меркел

Без разлика дали било наплив на милиони мигранти, криза околу формирање Влада, криза околу ЕУ и справувањето со мигрантите, медиумите стандардно со години го предвидуваат крајот на Меркел и почетокот на Европа без канцеларката. И стандардно Меркел од целата работа пак излегува како победник.

Граѓанската војна во германската централна-десница

„Wirkungsgleich“ е германски термин кој се преведува нешто во рамките на „со ист ефект“ или „еквивалентно ефикасно“, и тој заврши како еден од главните зборови од викенд битката што се разгоре меѓу германските коалициони партнери.

Каде е Европа?

Откако Трамп и Ким Јонг Ун во Сингапур го прават незамисливото и се сретнуваат и ракуваат, во Канада се среќаваат Г7, а Кина, Русија, Иран, Индија и Пакистан се среќаваат во Кингдао, градот на истокот од Кина, во колумна во француски Лес Еко се порачува: „Како центарот на светот да се префрлил од Западот на Истокот, и како Европа да не е ништо повеќе отколку периферен полуостров на Азија, меѓу Медитеранот и Атлантикот.“

Германија меѓу „добродојдосте мигранти“ и „бидете раат Евреи“

Како што земјата почна да вдомува милиони мигранти од делови од светот во кои мразењето Евреи е речиси уставно загарантирано право, така почнаа и да растат тензиите кои не дека ќе тргнат накај смирување.

Во урнатините на меркелизмот

Ерата на Меркел беше карактеризирана од длабокиот копнеж за стабилност. Сепак нејзиниот мандат ја доведе Германија до сегашниот период на нестабилност. Време е да се напушти меркелизмот, пишува Дирк Курбјувајт во едиторијалот на Шпигел.

Како крајната десница победи во Германија

Технички Меркел го освои 4-от мандат како Канцеларка, ама она што ја потресе тамошната јавност е што крајно десната Алтернатива за Германија стана третата по бројност партија во Бундестагот и прва крајно-десна партија што влегла во германскиот парламент од 1950-те.

Четирите тактики на германската "мајка"

Како што германските медиуми го срочија, минатата деценија и нешто беше "Меркел ваму, Меркел онаму, Меркел секаде". На изборите што ќе се одржат викендов, оваа пракса се очекува да биде продолжена барем уште еден мандат.

Не бе, ти ќе бидеш канцелар на Германија

Иако наликува на уметничка слика од руска школа од 19-ти век, фотографијата е од почетоците на една историска политичка кариера од крајот на 20-от и почетокот на 21-от век. Лето 1990, Ангела Меркел како дел од својата од прва кампања за пратеничка во Бундестагот седнува на шнапс со рибарите од островот Риген. Меркел победува на овие избори и на следните шест.

На Меркел ѝ е преку Трамп (и брегзит)

Жената што како светски лидер е препознатива по својата смиреност изгледа како да ги потрошила и последните резерви разбирање за „одметнатите“.

Трамп вс. Меркел, на повеќе јазици

Иако две години константно се изненадуваа од Трамп, по Г7 самитот на Сицилија, западните медиуми не можеа да се сопрат повторно да бидат изненадени од американскиот владетел. Овој пат, на германски, француски, дански, италијански и англиски јазик.

Лидерите на 4-те најмоќни економии во Европа имаат вкупно 0 деца

Меркел, Меј, Макрон и Џентилони немаат свои биолошки деца, забележува американски Вик, дополнувајќи дека ако ништо друго ова значи дека не може да се случи да го сместат своето потомство на политички позиции.

Дортмунд: Играме, појаки сме од теророт

И покрај тоа што целата европска јавност е во шок по трите експлозии чија цел била клупскиот автобус на Борусија Дортмунд, фудбалерите на овој клуб решиле да играат вечерва.

Песимизмот е единствената надеж на Европа

На својата 60-годишнина, вознемирената ЕУ треба да најде инспирација во едно од своите најголеми наследства: мрачната германска филозофија.

Германско-турска трговија со бегалците

Истиот бегалски бран од пред една година кој ја помести Европа кон десно, успеа да ја натера Германија во позиција да навива и да промовира соработка со Турција.

Само Меркел може да го спречи имплодирањето на либералниот Запад

Се вели дека домашни гости се како мртва риба: после третиот ден почнуваат да мирисаат. Меркел веќе отслужи 11 години како канцеларка, иако уште на 8-та година таа ја изгуби популарноста. И сепак таа останува единствениот разумен избор за работата. Никој друг не може да ја спречи имплозијата Западот.

Вицовите на Путин

Хрватскиот претседател Месиќ своевремено беше цар за вицеви. И Владимир Путин обожава да ги кажува ама најсмешно од сè е кога е видите колку Ангела Меркел не е импресионирана од нив.

Меркел лексикон

Затоа што веќе има голем број биографии и книги за Ангела Меркел, германскиот политички новинар Андреас Ринке се обидува да ја објасни германската канцеларка во форма на лексикон.

Германија е многу, многу уморна

Сите проблеми на Европа - приливот на сириски бегалци, евро кризата, воинственоста на Владимир Путин, анемичниот раст на евро зоната, се поголемата склоност на Источна Европа кон национализам, Брегзит - продолжуваат да завршуваат во скутот на Ангела Меркел.

Зошто Тајм ја избра Меркел

Најмоќниот лидер на Европа е бегалец од време и место каде нејзината моќ би била незамислива. Германската демократска република, каде израсна Ангела Меркел, не беше ниту демократска ниту република; беше Орвелијански хорор, каде Железната завеса доби буквален призор во форма на Берлинскиот ѕид.