Откако цел месец го немаше никаде во јавност, кинеската влада кон крајот на јули објави дека го сменила министерот за надворешни работи Чин Ганг. Ова најверојатно се случило по информација што Москва му ја праќа на Пекинг.
Наместо директно комуницирање со командантот на воените сили на Украина, генерал Валериј Залужниј, Зеленски одржува паралелна комуникација со првите луѓе на некои од украинските родови, како пешадија и авијација, пренесува Киев индепендент.
Украинскиот претседател станува автократ кој ја претвора Украина во авторитарна држава ништо поразлична од Русија, е критиката за Зеленски која доаѓа од првиот човек на Киев, градоначалникот Виталиј Кличко.
Кој што сака може да прави, само прво треба да реши дали ќе биде генерал или политичар е поздравот од Зеленски за највисоките офицери на украинската војска
Кремљ им наложил на сите руски државни медиуми да престанат да го ословуваат Владимир Зеленски како „претседател“ на Украина, објавуваат руски опозициски медиуми.
Како членка на НАТО Украина станува една од земјите во светот која не ги освојува своите соседи и на тој начин Русија и нејзината територија се безбедни од евентуална идна окупација од страна на Украина. Барем Зеленски така гледа на работите.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги обвини своите противници дека водат кампања за негово дискредитирање кое треба да заврши со оставка на функцијата.
Украинскиот претседател во разговор со Би-би-си објаснува дека имаат и доволно луѓе и доволно храброст да ја започнат очекуваната контраофанзива, ама сериозно им недостасува ветената помош од Западот која уште не е стигната во земјата.
Барем овој пат немаше 6-метарска маса во Пекинг меѓу Емануел Макрон и Ши Џинпинг. Меѓутоа нивниот состанок беше подеднакво бесплоден како и социјално дистанцираниот разговор на Макрон со најдобриот другар на Ши, Владимир Путин, пред една година во Москва, кратко пред рускиот лидер да ги испрати своите тенкови во Украина.
„Големиот ризик“ со кој се соочува Европа е да заглави во криза што не е наша, порачал францускиот претседател Макрон во интервју дадено во неговиот авион на заминувањето од Пекинг.
Западните функционери сакаат да посочат дека 141 од 193 земји членки на О.Н. ја подржаа неодамнешната резолуција со која се бара Русија да се повлече од Украина. Меѓутоа меѓу 32-те кои се воздржаа од гласање беа Кина, Индија, Пакистан и Јужна Африка, на кои отпаѓа околу 40% од светската популација.
За Бајден и Белата куќа не беше ни најмалку пријатно тоа што беа оставени да седат на страна додека нивните двајца најголеми противници, Русија и Кина, на само разговараа околу мировниот договор за Украина кој САД претходно го прогласија за неприфатлив.
На денешен ден војна во Пацификот е поверојатна отколку кога било до сега од крајот на Втората светска војна, а најверојатно е тоа да се случи во моментот кога Кина ќе тргне да го припојува Тајван, кој пак е критичен стратешки интерес на САД.
Пекинг и Москва моментално преговараат околу купување на 100 ударни дронови кои би можеле да и бидат испорачани на Русија веќе во април, пишува германски Шпигел.
Кина ја обезбедува технологијата што на руската армија и е неопходна да ја води војната во Украина и покрај меѓународниот кордон на санкции и контрола на извоз, тврди Вол стрит журнал откако прегледува документи од руската царина.
Откако две последователни години, животите главно ни ги диктираше пандемија, сега проблемите во светот се главно поврзани со Украина. Во месеците што следат, ќе мора да се справуваме со геополитичките и безбедносни реперкусии од конфликтот, да се бориме со инфлацијата, хаосот во енергетиката и да ги следиме пост-пандемиските прилики во Кина.