„Просто е, тие имаат нафта а ние ја сакаме,“ лапидарно и ефикасно ги објасни
причините за американското острење заби за Венецуела професорот Џефри Сакс. Им го паркираа најголемиот носач на авиони, уништуваат рибарски бродови, запленуваат танкери. Сето тоа со наратив за борба против дрогата иако американските федерални податоци покажуваат дека Венецуела не е значаен извор на наркотици што влегуваат во САД.