Њујорк Тајмс објави портрет на претседателот на CNN поставувајќи го во херојска рамка како „првиот човек на отпорот“ против претседателот на САД. Слична аура околу себе градат и Мика Бжежински и нејзиниот партнер од утринската програма, само затоа што Трамп ја нападна Мика (простачки и сељачки, ко што знае). Ок, ајде да ги видиме „отпорашите“
Иако сите телевизиски мрежи уште се во длабок минус со публика во споредба со „златното време“ на Трамп, Фокс сепак успева да собере најбројна публика меѓу најголемите новински телевизиски мрежи.
Она што почна како кампања за претседателска кандидатура на Берни Сандерс, продолжи како борба на Сандерс и неговите симпатизери против Трамп. Прв чекор од планот, преземање на контролата на сопствената партија.
Ова видео од сослушување на Трамп за случајот кога тој и неговиот универзитет беа осомничени за измама, е најавено како доказ колкав е тоа лажов и неранимајко. Меѓутоа, истовремено ќе видите каков тупаџија е тоа иследникот! Некој од нас, во некој момент, сигурно би му рекол: Дај бе дечко, скини ми се скурца.
Само од Трамп зависи дали пак ќе се кандидира во 2024, бидејќи ако реши Републиканската партија нема да има ниту против, ниту како да го запре, порачува Мит Ромни.
Њујорк Тајмс на психијатриски кауч го става Доналд Трамп и неговиот терсене табиет заради кој никој во Белата куќа не смее да помисли да му зуцне а не па да му каже дека некаде погрешил или претерал со Твитер. Освен еден човек.
Утехата на демократите е дека веќе е крајот на 2017 и се ближат меѓу-изборите за Конгресот во 2018, па за не така долго време "се додека успееме да избегнеме нуклеарна војна" претседателските избори во 2020 ќе бидат крајот на Трамп, пишува Пол Волдман во Вик.
Под наслов кој личи како да е напишан со многу адвокатски надзор „Документите од Кремљ изгледа дека го покажуваат планот на Путин да го стави Трамп во Белата куќа,“ Гардијан објавува дека стигнал до документи кои покажуваат дека Русија водела операција за мешање во американската демократија.
Може Меркел е алергична на сè што е поврзано со Трамп, ама тоа некако не важи и за терапијата која за неколку дена го крена поранешниот американски претседател од ковид-19 и го врати назад во претседателската кампања.
Знаевте дека на Американките апчињата за контрацепција им влегуваат во здравствено осигурување? Е па, сега адмиинистрацијата на Трамп има идеја како да не им влезат.
Злонамерниците ќе се обидат да ги заобиколат образованието, интелигенцијата, амбициозноста и искуството на брачниот пар Иванка и Џаред кога ќе ги дискутираат 640-те милиони што ги заработиле за време на претседателскиот мандат на Трамп, и нема да згрешат.
Во рафалното укинување на одлуките на претходниот претседател, Бајден беше крајно внимателен која од извршните наредби на Трамп што спречува влегување на мигранти во САД или дозволува нивно депортирање во Мексико ќе му заврши под пенкалото.
Американскиот секретар за трговија го сподели своето пријатно изненадување од народот во Саудиска Арабија затоа што во текот на посетата на Трамп, немало никакви протести или демонстрации во земјата. Има само еден мал проблем во ова; во Саудиска Арабија се забранети протести.
На најновите сондажи на јавното мислење во оваа сојузна држава, Доналд Трамп забележал рекорден рејтинг. Денес тој има 53% поддршка, колку што немал во ниеден момент на неговото претседателствување.
Сто дена подоцна и најмалку два пати повеќе разумни забелешки и аргументи, и симпатизерите на Трамп почнуваат да ја воочуваат грешката што ја направија. Може е доцна за ова гласање, ама барем нема да им се повтори грешката на следните избори.
Некогаш љубителите на теории на заговор од QAnon, во секој збор на Трамп бараа скриени пораки, сега Твитер толкувањето го претвори во своја официјална политика, наоѓајќи значења кои просто, ги нема. Рускиот опозиционер Навални предупреди дека одлуката на Твитер да го забрани американскиот претседател, во иднина ќе биде искористена од секој автократ во светов кој ќе сака да замолчи некого.
Расипан телефон низата по која доаѓа информацијата е Москва > европско разузнавање > американски експерти > американски медиуми, а исходот е: Дејли бист пренесува дека американски експерт им пренел тврдење од европски функционери дека Москва очекува нивниот лидер да истресе купишта доверливи информации од Трамп.
Социјалните мрежи стануваат глобален политички фактор кој не дошол на таа позиција преку избори туку со (зло)употреба на моќта која ја имаат. Акаунтот на Трамп е замрзнат на Фејсбук и Инстаграм на две години а претседател на една африканска држава напиша нешто што не му се бендиса на Политбирото на Твитер па просто - го избришаа.
2021 година, претседателот Доналд Трамп за кратко ќе даде заклетва за својот втор мандат. 45-от претседател е видно остарен во последните 4 години. Тој силно се потпира на раката на својата ќерка Иванка за време на неговите ретки појавувања во јавноста.
Освен што се клатеа и играа, Трамп и Саудијците тераа бизнис како првиов никогаш да не рекол дека саудиските принцови контролираат американски политичари со пари од татко им.
35 угледни американски психијатри се собраа на конференција на универзитетот Јејл за да дигнат аларм дека менталното здравје на американскиот претседател може да биде опасно по земјата. Тие обично не даваат дијагнози пред лично да го проверат некого, ама викаат дека ова се гледа од авион.
Диверзитет, наука, доказ...Ова се само неколку примери на зборови кои се препорачува да не се користат во апликациите ако сакате да бидете финансирани од државата во областа на - да! - науката во 2018 во САД.