Најдобро е во моментов да се укине Уставот на САД за да се поништат резултатите од претседателските избори 2020 и Доналд Трамп да се врати на власт во Белата куќа, препорачува Доналд Трамп.
Во обид да се извади конекција меѓу Трамп и Русија, кампањата на Хилари ангажирала и платила американски ИТ експерти за хакирање и следење на серверите што ги користи Доналд Трамп, прво во кулата Трамп (каде што е неговата канцеларија) а потоа и во Белата куќа.
Тешко е да се наброи колку пати Ноам Чомски се има произнесено за Доналд Трамп и тоа никогаш, ни ронка, не било во полза на златокосиот. Сега кога е јасно дека ѓаволот ја однесе шалата, стариот порачува дека среде оваа воена бучава, постои еден глас на разумот на Запад. Трамп. What a time to be alive!
Њујорк Тајмс упорно одбива да сфати зошто Трамп сè уште постои на сцената па смета дека на луѓето не им е доволно јасно дека тој е булшит. Мат Таиби уште поупорно им плеснува: Знаат тие дека Трамп е булшит, ама знаат и дека вие сте бетер од него.
Од ентузијазмот околу Бајден останато е многу малку, а веста во бројки јавно ја соџвака Си-ен-ен тој ем е со најнизок рејтинг од почетокот на мандатот, ем рејтингот му е понизок и од оној на Трамп.
Трамп бил решен и сакал на 6 јануари 2021 заедно со своите симпатизери да маршира на Капитол хил, ама тоа пицајзлите од Тајната служба не му дозволиле да тргне и го задржале.
Медиумите веќе прекувремено работат да го изберат Трамп повторно за претседател. Не оние медиуми што се од негова туку оние кои се навикнати да го мразат и не ја научија лекцијата дека Трамп успева благодарејќи на негативниот публицитет кој го добива од оние на кои луѓето веќе не им веруваат.
Нови материјали обелоденуваат дека ФБИ, заедно со администрацијата на Обама и моќни фигури од естаблишментот на Вашингтон, се имаат намерачено да му го загорчат животот на Трамп уште кога беше само кандидат за станар на Белата куќа. Се сеќавате на фамозното „руско досие“? Ништо од тоа.
Откако во средата не се случи очекуваниот „црвен бран“ и создавање на републиканско мнозинство во Конгресот, на Доналд Трамп сите му се виновни, посебно луѓето кои го туркаа Оз за кандидат во Пенсилванија. Меѓу нив и Меланија.
Со судски налог, ФБИ влезе во домот на екс претседателот во Флорида. Мајкл Мур, Розен Аркет и други познати фаци кои не го поднесуваат Трамп, не го кријат одушевувањето. Би рекле дека е неубаво тоа од нив, само што не сме сигурни дека и ние не би биле радосни кога полиција би влегла кај некој екс-државник кој ни ја продаде државата и попат зачува бомби за рекетирање луѓе.
Приватната компанија Јутјуб ладно го скина од платформата последното интервју на Доналд Трамп, претходниот претседател на САД и човек за кој на последните избори гласаа 74 милиони луѓе. Е што, да не можеше во советски медиуми да се појави Троцки во времето на Сталин?
Роган се произнесе за последната хајка против него и рече дека се работи за нарачано политичко убиство ама му е драго што имал прилика да се извини за работите за кои жали. Се произнесоа и Трамп и Де Сантис а некои уцвикаа, како на пример Двејн Џонсон.
Медиумско-политичките бракови во САД одамна се претворени во тежок свингерај. Фокс сега му е најлут противник на Трамп а тој пак, за неговите некогаш најголеми медиумски душмани CNN има условена понуда: свртете малку накај што треба и ќе се наполните пари.
Во моментот кога Маск ќе стане газда на Твитер, тој ќе ја укине доживотната забрана за поранешниот американски претседател да се појави на платформата, затоа што истата едноставно е глупа.
ФБИ подобро да има нешто „разорувачко“ за Трамп, бидејќи во спротивно само што бевме сведоци на еден од најглупите потези во историјата на политиката, пишува Мат Таиби.
Истиот ден кога беше објавено дека Маск станал најголемиот акционер во Твитер, Републиканци побараа од основачот на Тесла да ја врати во живот Твитер сметката на Доналд Трамп.
Како и сите други, и изненадувачки големо мнозинство од демократите, побарале истрага против Хилари Клинтон, на анкета правена дури и пред да се објави последниот извештај на Дурам за Хилари и хакирањето на Трамп.
Пред изборите за Конгрес во ноември, кај републиканските кандидати и понатаму најпосакуваниот политички благослов е од Доналд Трамп. Финансискиот е од Питер Тил, еден од основачите на Пејпал и сопственик на Палантир, меѓу другото.