45-тиот претседател на САД деновиве даде интервју за канадскиот подкаст “Full Send” и им предвиде дека видеото ќе им биде скинато. Еден од НЕЛК дечките викаше дека се спремни за тоа, на друг не му се веруваше во таков епилог.
Видеото постигна повеќе од 5 милиони прегледи за помалку од 24 часа, што го привлече вниманието на надлежното началство во компанијата, кое се сети на неговата самоповикана улога да биде арбитер што смее да се слушне.
Видеото беше отстрането а на подкастерите им пратиле објаснување дека на Јутјуб не можат да се појавуваат „лажни тврдења дека измама, грешки или трето го смениле исходот од претседателските избори во 2020 година.“
Пазете, деновиве и Лукас тандрчеше дека изборот на Констракта е наместен, Јутјуб и него ли ќе го гања? Или муабети за кои и да се избори на светов, во Тринидад и Тобаго, на пример?
„Што се има случено со слободата на говор во нашата земја? Ќе дозволиме ли тоа да се случува и нашата земја да оди по ѓаволите?“ реагираше Трамп оценувајќи дека цензурата во Америка оди во правец сличен на цензурата на Русија во која која, според него “луѓе не ни знаат дека водат војна во Украина“.
Последните зборови: