„Тајната служба не ми дозволи да одам, инаку за една минута ќе бев таму,“ изјавил Трамп во интервју за Вашингтон пост.
Инаку Трамп ги пофалил организаторите на митингот и порачал дека не жали што ги повикал своите симпатизери да дојдат во Вашингтон, ниту пак за тоа што на денот на немирите твитнал дека митингот „ќе биде див“.
„Толпата беше далеку поголема отколку што и јас замислував. Верувам дека тоа беше најголемата публика пред која имам зборувано. Не знам што значи тоа, ама има многу малку слики. Не сакаат да покажуваат слики, лажните вести не сакаат да покажуваат слики. Ама тоа беше извонредна толпа,“ опишал Трамп.
Опишувајќи ја ситуацијата дента, Пост пишува дека дури по серија молби од семејството и законодавците, Трамп решил три часа по почетокот на нападот да ги повика неговите симпатизери да се вратат дома.
Низ целото интервју за Пост, Трамп одбил да ја прифати вината за упадот во Капитол хил, и ја обвинил Ненси Пелоси и градоначалникот на Вашингтон за ескалирање на ситуацијата.
„За мене тоа беше срамно, и цело време прашував ’Зошто таа не преземе нешто? Зошто Ненси Пелоси не презема нешто околу ова? Исто и градоначалникот на Вашингтон Д.Ц.’ Градоначалникот на Вашингтон Д.Ц. и Ненси Пелоси се одговорни,“ порачал Трамп.