Си-ен-ен прави споредба на анкети од четири агенции, и кај три од нив Бајден го има најнискиот (или е изедначен со најнискиот) рејтинг во историјата на агенцијата, а кај четвртата анкета има за 1% повисок рејтинг од дното.
За споредба, во оваа фаза од мандатот Бајден има полош рејтинг од Трамп со 41% одобрување, наспроти 42-та проценти на Трамп.
Во корист на владеењето на Бајден не оди ниту Индексот на доверба на потрошувачите, кој е на најниско ниво во историјата и изнесува 66 поени. (Рекордот на овој индекс е 99 поени од април 2018.)