Таман се навикнавме на идејата за необразованиот сиромашен американски белец и неговата неинформираност, кои доведоа до изборот на Трамп и слични глобални зла, и ќе ти излезе образована, богата, повеќекратна конгресменка, црнкиња, и ќе ти каже - треба импичмент на Трамп затоа што Путин ја нападна Кореја.
Бидејќи утринава сите читатели ќе се лепат на веста за новиот избор на претседател во САД и ќе успееме да ги натераме да читаат спорт само ако напишеме дека Меси потпиша за Реал Мадрид, ете и ние ќе бидеме ин. На некој му текнало да склепа неколку фудбалски фотомонтажи од познати моменти на кои Трамп е победникот, а Клинтон лузерот, но бил спремен и за обратното.
Постои гнев на обичниот народ кон статус-кво во политиката кој меинстрим политичките новинари едноставно не го разбираат, и за да биде болката поголема Трамп им се случува на медиумите само неколку месеци откако истите овие медиуми ја направија истата оваа грешка околу брегзит.
Доналд Трамп го попуши од Тед Круз. Кај демократите испадна толку нерешено меѓу Берни и Хилари што буквално фрлале петка - глава. Зошто ова не му текна на Хан како решение за предизборни пат позиции?
Не е дека имаме некаква друга претстава за Трамп. Трамп е егоистичен расист шовинист кој, во рационален свет, не би требало да има каква било власт. Ама па од друга страна, не би требала ни Хилари Клинтон.
Човекот кој успеа да го преживее баражот од негативни реклами (и речиси неспоредливо многу критики) за да стигне до републиканската номинација, пред почетокот на битката со Хилари изгледа многу кутро во однос на капацитетите за купување простор за реклами.
Расипан телефон низата по која доаѓа информацијата е Москва > европско разузнавање > американски експерти > американски медиуми, а исходот е: Дејли бист пренесува дека американски експерт им пренел тврдење од европски функционери дека Москва очекува нивниот лидер да истресе купишта доверливи информации од Трамп.
Едниот затоа што е тешка сировина од човек а другата затоа што е толку преработена што не се гледа човекот, републиканскиот и демократскиот кандидат за американски претседател здружно постигнаа интересна цел: на човека да му ги згадат изборите.
Си-ен-ен ја објавува содржината на писмото што свештеникот Бил Шилади и го испраќа на Хилари Клинтон утрото на 9-ти ноември 2016, еден ден откако таа ги изгуби претседателските избори од Доналд Трамп.
Во анализа за Њујорк тајмс, Дејвид Брукс објаснува дека поранешната прва дама не ги привлекува гласачите пред се заради својот темперамент, односно дека е постојано опседната со својата кариера и и' недостасува животна радост. Џон Мекартур во колумната за Ле монд дипломатик објаснува дека тоа е најмалку важното нешто што може да се каже за Хилари.
Она што Американците го водат како - Русија се мешаше и ги намести изборите за Трамп, во пракса е обвинување дека руски хакери нелегално стекнале доверливи информации од мејловите на демократите, па им ги дале на медиуми да ги објават. Проблемот е што како никогаш до сега ова не им пречи на дел од Американците, посебно на оној дел што гласаше за Трамп.
Атлантик е еден од највоздржаните американски магазини за време на избори. Во своето постоење (пазете, постојат 159 години!) само во два наврата поддржале некој кандидат за претседател. И еве сега се појавува Доналд Трамп.
Има помалку од еден месец до американските претседателски избори. За двајцата кандидати всушност би требало да се зборува во категории "помалку опасен" и "крајно опасна": за Трамп може сешто да се каже, но неговата надворешно политичка платформа е нова и интересна, додека онаа на Хилари Клинтон знаеме каква е и каква ќе биде.
Мајкл Флин е американскиот генерал со три ѕвезди што пред неколку дена беше сменет од позицијата советник за национална безбедност на Трамп поради неговите телефонски разговори со рускиот амбасадор во Вашингтон. Според магазинот Политико, американски генерал не се слуша по своја волја со руски амбасадор.
По наредба на американскиот претседател, и без никаква дозвола или одобрување од О.Н., два американски воени брода во источниот Медитеран - УСС Портер и УСС Рос - испукаа 60 крстосувачки ракети на Сирија, конкретно на воздушната база Шајрат, затоа што Трамп одлучил дека тоа е во согласност "со виталните американски национални безбедносни интереси".
Победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори предизвика целосна вчудовиденост кај интелектуалната елита, длабоко загрижена поради погрешниот избор на народот. Наместо да размислат за причините за привлечноста на „антиелитистичката“ и „протестна“ политичка реторика, многу коментатори се посклони да заклучат дека проблемот не е во системот и досегашните политики, туку во народот, кој не ги разбира.
Милиони Американци во вторникот гласаа против, изразувајќи го своето остро противење на економскиот и политички систем што ги става богатите и корпоративните интереси пред нивните. Јас силно ја поддржував Хилари Клинтон и водев кампања во нејзина корист, и верував дека таа е вистинскиот избор на денот на изборите. Меѓутоа Доналд Трамп ја освои Белата куќа затоа што реториката на неговата кампања успешно се всади во многу реалниот и оправдан гнев, гнев што многу традиционални демократи го чувствуваат.
Списокот обвиненија против Путин почнуваат од задушување на секаква здрава опозиција на домашен терен и напори за растурање на ЕУ, до монтирање и помагање на конзервативно десната те влада те опозиција низ Европа и вселување на Доналд Трамп во Белата куќа.
Наративот кој следуваше и стана општоприфатен по неочекуваната победа на Трамп на изборите 2016 е дека таа се должи на лажните вести, во добар дел создадени од руски извори, а разгласени и раширени од Фејсбук и Твитер, беа прегледани милиони пати од делот на гласачите кои сакаа да чујат за недоверливоста и одбивноста на Хилари Клинтон. Ваквата смеса потоа само беше распламтувана од новинските сајтови на алт-десницата, во голем дел благодарејќи на информативните балони во кои Американците успеаа да се затворат.
Процената е дека да не беше Трамп од карши, Клинтон речиси сигурно ќе ги изгубеше изборите. Самиот пакет мејлови што Викиликс ги објави месецов е доволен за закопување на демократскиот кандидат, кога републиканците не би го трошеле сето свое време на гасење пожари зад Трамп.
Меѓу стандардно ужасните (одлични) фори, Галифинакис успева на Хилари да и прошверцува неколку тешки прашања и една реклама од Трамп (да го поздравиме спонзорот на емисијата).
Се повеќе либерали ја повикуваат Клинтон да побара пребројување во трите клучни држави кои ја овозможија победата на Трамп: Висконсин, Мичиген и Пенсилванија. Барањето се базира на тврдењето на американски експерт за компјутерска безбедност, според кого некоја надворешна сила (Р-У-С-И-Ј-А) би можела да ги хакне изборите. Тој го разработува и целото сценарио за потенцијалното хакирање.
Сандерс едвај ги смири гневните фанови, Мишел Обама одржа говор за во учебници по ораторство, исвиркана беше и Елизабет Ворен. Настапи Пол Сајмон (инаку фан на Берни), чија изведба на Bridge Over Troubled Water беше доста неубедлива па твитерџии искоментираа дека "Русите и него го хакнале". Епилог: Хилари е кандидатот на Демократите кој ќе треба да смисли начин како да го сопре Трамп.