Актуелниот шампион Милвоки Бакс го прегази Голден Стејт Вориорс 118-99. На полувреме Бакс водеа неверојатно 77-38, 39 разлика. Јанис Антетокумпо како да играше против мали деца.
Иконата на Бостон Селтикс и еден од најголемите кошаркари на сите времиња, Бил Расел, 11-кратен НБА шампион, почина на 88 години, „мирно“ како што соопшти неговото семејство во неделата вечер.
Кошаркарите на Голден Стејт го задржаа шампионскиот пехар во своите витрини откако го сомлеа Кливленд со 4-0 во финалето на Плејофот. Кевин Дурент повторно е МВП.
Минатата недела во НБА ја одбележаа неколку враќања на паркетот, прво на мечот Индијана - Бруклин камбек имаа Ленс Стивенсон и Кајри Ирвинг. Првиот после неколку годишно отсуство на домашниот паркет во матичниот клб, а вториот после отстранување во врска со одбивање да се вакцинира.
Кошаркарите на Бостон Селтикс го совладаа Голден Стејт Вориорс на гости со 120-108 во првиот меч од големото НБА финале. Феноменален дуел кој најавува пеколна серија.
Интересен кадар од мечот Шарлот Хорнетс - Торонто Репторс (101 :116). Додека одмораше на клупата за резерви, некој од стручниот штаб на Хорнетс му подаде телефон на ЛаМело Бол кој бил информиран дека е избран од комесарот Адам Силвер да биде замена за повредениот Кевин Дурент на претстојниот Ол Сстар.
Иако Кралот Џејмс експлодираше со 51 поен, кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 1:0 на стартот на финалната серија, четврта во низа против Кливленд. Кој знае како спиел ноќеска Џеј Ар Смит после овој потег под кошот во финишот од средбата.
Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Џејмс Харден буквално во последните моменти од рокот кој овозможува трампа на играчи во НБА тимови, замина за Филаделфија во голема размена од неколку играчи со Нетс. Подоцна вечерта Леброн и Дурент го исмеваа Харден.
Секоја сезона индустријата вади нови комбинации на бои, рециклира стари, изводи со Баленсијага, или руши граници со Москино. И секоја година, никако, никогаш не успева да го тргне црното од центарот на вниманието.
НБА лигата е уникат по многу нешта. Собир на најдобрите кошаркари на светот. Оваа лига видела сè и сешто, па затоа секоја нова појава мора да има невообичаени карактеристики за да ги импресионира тамошните ѕвезди. Виктор Вембанјама е млад Франзуцин, има 18 години. Игра за францускиот Метрополитанс 92, а деновиве бил во развојната Г-лига на НБА.
Лидерот на Денвер Нагетс ќе може да се пофали дека станал само тринаесетти играч во целата историја на НБА кој два пати по ред му израдувал на највредната поединечна награда која се доделува во светската кошарка.
Со три прекрасни гола и една асистенција на првите два натпревари од новата езона, Хвича Кварацхелија направи тифозите на Наполи брзо да најдат нов љубимец со кого ќе сонуваат нова одлична сезона и борба за скудето.
„Би сакал да живеам во Јапонија, но тоа е невозможно, би полудел таму затоа што не можам на улица да излезам а да не ме следат луѓе“, вели јапонскиот тенисер кој заработува „грдни пари“.
Популарната американска пејачка, добитничка на Греми во минатото, Ферги ја испеа химната на САД пред почетокот на Мечот на сите ѕвезди во НБА. Коментарите за настапот уште не стивнуваат.
Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс се одново прваци во НБА лигата, откако во финалната серија беа подобри од Бостон Селтикс со 4:2. Стефон Кари блесна кога најмногу требаше и им ја затна муцката на критичарите.
Химкинскиот суд во Подмосковје ја прогласи американската кошаркарка Бритни Грајнер за виновна за шверц и поседување наркотици и ја осуди на 9 години затвор и казна од 1 милион рубљи. Што е целата приказна со неа?
Во 2006-та година легендарниот Гери Пејтон станува шампион во најсилната лига на светот. Шеснаесет години подоцна до злато вредниот трофеј, медал и шампионски прстен стигнува и син му Гери Пејтон II. Вакви примери низ историјата има малку.
По страшно напорната сезона со безброј натпревари, кошаркарите на Голден Стејт конечно можат да здивнат и со прослава на нова шампионска титула да го исфрлат целиот психолошки товар кој го носеа сезонава. Заслужено се на врвот иако беа четврти фаворит за титулата пред сезоната.