КОГА ПОЧНАЛА ЦЕЛАТА ДРАМА?
На 17 февруари годинава на големиот аеродром Шереметјево по слетување од Њујорк била задржана Бритни Грајнер, двократна олимписка шампионка, четирикратна шампионка во женската Евролига, шампионка во женската НБА и NCAA, двократен најдобар стрелец во женската НБА и една од 25 најдобри кошаркарки во историјата на WNBA.
Како и многу други врвни кошаркарки, така и Грајнер лето-есен играше во женската WNBA а во периодот од октомври до април кога во САД е пауза, играше во Европа за некој европски клуб.
Платите во женската НБА се за десет пати помали од платите во машката НБА и уште повеќе помали од европските клубови, па затоа системот на женска кошарка е построен така што повеќето кошаркарки настапуваат за две екипи, американска и европска, практично без одмор.
Грајнер последните 7 сезони играше за клубот УГМК од Екатеринбург, клуб кој од година во година правеше „дрим-тим“ од најдобрите американски кошаркарки. Затоа во моментот на приведување Грајнер се наоѓала во Русија.
Таа се враќала од 10-дневен одмор во Феникс, а на аеродромот Шереметјево во Русија при рутинска контрола и нашле електронска цигара и масло од хашиш.
Информацијата за апсење на Грајнер била потврдена дури на 5 март.
Кошаркарката е обвинета не само за поседување забранета супстанца, туку и за шверц (нејасно е која е сврхата на шверц на 0,7 грама недозволена супстанца), но случајот е покренат по став „в“ од член 2 став 229.1 од Кривичниот законик на Руска Федерација (криумчарење опојни наркотици во значајна количина предвидува казна закон од 5 до 10 години).
Самата Бритни тврдела дека случајно ги фрлила патроните во торбата при брзото спремање за летот од Њујорк до Москва, но подоцна во целост ја признала вината.
Грајнер изјавила дека немала намера да изврши кривично дело. Лекарот во Аризона и препишал медицински канабис наместо традиционалните лекови против болки. Кошаркарката користела канабис и хашиш само надвор од натпреварувачкиот период. И во Русија и во САД има допинг контроли. И во женската НБА и во женската Евролига. Употреба на какви било недозволени супстанци подлежи на парични казни и суспензија.
Анализата на Грајнер веднаш по апсењето покажала негативен резултат. Нејзините претставници на судот рекле дека нејзиното невнимание при пакување на куферот било предизвикано од долгата и напорна сезона, од доцнењето на летот Њујорк за Москва и постковиден синдром кој може да ги намали когнитивните функции.
Адвокатите на американската кошаркарка од Феникс тврделе дека експертизата на супстанци во крвта на Грајнер не била во согласност со рускиот закон, затоа што не утврдила никаква количина на ТХЦ (тетрахидроканабиол).
Американскиот Стејт департмент во тој период препорачувал генерално американските државјани да не патуваат во Русија годинава, но Грајнер објаснила дека се враќа во Руска Федерација поради клубот УГМК и не можела да го напушти во клучниот период од сезоната.
„Тимот и јас цела сезона се боревме за високо место на табелата. Не би ги изневерила за ништо!“, рекла таа.
КОЈ ЗАСТАНА ЗАД НЕА?
Многумина ја поддржуваат Бритни Грајнер. Од различни организации во Екатеринбург каде што играла, преку руската и американската кошаркарска федерација па нејзиниот клуб БК УГМК па се до индивидуалци и разни организации.
Директорот на клубот, Максим Рјабков на суд дал позитивен исказ за кошаркарката од САД.
„Наша задача беше да раскажеме пред судот за нејзините карактеристики како спортист и човек. Раскажавме колку голема улога таа одигра во успесите на клубот и во развиј на целокупната руска кошарка. Во таа смисла благодарение на неа скокнавме на рејтингот во Европа. Се трудевме да одговориме на тие прашања кои ги имаше обвинителот“.
Но на крајната одлука на судот, ниту на приговорите никој немал влијание. 9 години затвор доби Грајнер. Во САД за неа се залагаат Леброн Џејмс и Стеф Кари, кошаркарки од женската НБА, професионален сојуз на кошаркарки, разни клубови.
Магазинот Тајм имаше насловна во чест на кошаркарката со нејзина фотографија и натпис БРИТНИ ГРАЈНЕР И БОРБАТА ЗА СЛОБОДА.
ШТО ВИКААТ ВО АМЕРИКА, А ШТО ВО РУСИЈА?
„Ова е неприфатливо и ја повикувам Русија веднаш и недвосмислено да ја ослободи за да може да биде со својата жена, со своите сакани, пријателите и соиграчките“, изјави американскиот претседател Џо Бајден по објава на пресудата.
Неговиот претходик Доналд Трамп пред некое време изјави: „Таа (Грајнер) отпатувала со наркотици во туѓа семја каде со многу големо внимание се однесуваат кон тоа. Не сакаат наркотици а таа била фатена. И сега ние сме должни да ја штитиме иако она заработува еден куп пари“, рекол Трамп.
Во САД случајот со Грајнер го сметаат за таканаречена cause celebre и повикуваат да се обрне поголемо внимание на декриминализација на марихуаната внатре во САД.
„Луѓето продолжуваат да забегуваат по тој повод. Викаат: „Русија мора да ја пушти“. А кај нас во Америка има луѓе кои лежат за марихуана и седат затворени со години. Во што е разликата? Кога зборуваме за ужасната судбина на Бритни Грајнер во Русија, должни сме да се сетиме и дека во Америка за канабис лежат десетици илјади луѓе. Никој не е должен да седи во затвор за трева“, вели Џо Роган, коментаторот на UFC и светски познат подкастер.
Во Русија јавно никој не застанал во заштита на Грајнер освен само нејзините претставници. Напротив, имало многу осуди. Пример пратеникот Терјушков рекол: „Грајнер е темнокожа, лезбејка и наркоманка, она е олицетворение на Американците затоа му е толку важна на Бајден“.
МОЖНА ЛИ Е РАЗМЕНА НА ЗАТВОРЕНИЦИ МЕЃУ РУСИЈА И САД ПА ГРАЈНЕР ДА СПАСИ ГЛАВА?
Администрацијата на претседателот на САД Џо Бајден долго го убедувала Конгресот дека на руските власти треба да им се предложи варијанта со размена на затвореници. За Руси кои лежат во САД да се врати назад Грајнер.
Прв кој бил споменат за размена бил Виктор Бут, уапсен на 6 март 2008 година во Тајланд на барање на американска полиција. Тој бил прогласен за виновен за продажба на оружје на „Револуционерните вооружени сили на Колумбија“, организација која американските власти ја сметаат за терористички.
Бут во 2011-та била осуден на 25 години затвор!
Минатата недела Ентони Блинкен, државниот секретар на САД, побарал телефонски разговор со шефот за надворешни работи на Русија со цел да ја дискутираат размената на затвореници.
„Зборував со министерот Лавров (Сергеј). Имавме отворен и директен разговор. Настојував Кремљ да ги ослободи Пол Вилан и Бритни Грајнер“, рекол Блинкен.
СиЕнЕн подоцна, се повикал на свои извори и рекол дека Русија за замена за Грајнер и Вилан не го барала само Виктор Бут, туку и агентот на ФСБ Вадим Красиков или Роман Селезнев, син на пратеникот на руската државна Дума, Валериј Селезнев.
Красиков бил уапсен и осуден на доживотна затворска казна за убиство на поранешниот чеченски борец Зелихман Хангошвили во 2019-та. Селезнев бил осуден во САД на 27 години за кражба на кредитни картички и онлајн махинации.