РФМ ги избра најдобрите, постхумно награден Илија Темелковски

Ракометната федерација на Македонија ги прогласи најдобрите на годината. За најдобар ракометар е прогласен Филип Кузмановски.

Новото раководство на РФМ се реши да го врати изборот, кој долги години не се одржуваше и на церемонија ги избра најдобрите за 2025-та.

Доделени беа вкупно 14 награди, во машка и женска конкуренција. 

Признанието за најдобар ракометар за 2025-та отиде во рацете Филип Кузмановски, а за најдобра ракометарка е прогласена Катерина Дамјановска. 

И двајцата актуелни шампиони на Македонија со Еурофарм Пелистер и Ѓорче Петров.

За најдобри тренери се прогласени селекторот и тренер на Алкалоид, Кире Лазаров и предводникот на Ѓорче Петров, Симе Симески.

Постхумно признание за особен придонес во ракометот, како играч, тренер и селектор на младинците и сениорите, имаше за Илија Темелковски, кое го прими неговата сопруга Лидија Темелковска и неговите внуци.

Најдобри во Македонија во изборот на РФМ - 2025 година

Најдобра млада ракометарка: Марија Јанкуловска (Металург А.)
Најдобар млад ракометар: Димитар Узунчев (Бутел Скопје)
Најдобра ракометарка странец: Ана Вранчиќ (ЖРК Ѓорче Петров)
Најдобар ракометар странец: Дмитро Хориха (РК Вардар)
Најдобра судиска двојка: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски
Најдобар стрелец во машка лига: Давид Димевски (МРК Куманово)
Најдобар стрелец во женска лига: Марија Анчева  (ЖРК Астибо)
Најдобар ракометар во избор на публиката на социјалните мрежи: Никола Митревски (Пелистер)
Најдобра ракометарка во избор на публиката на социјалните мрежи: Теодора Гулипска (Чаир)
Награда за посебен придонес: Илија Темелковски
Најдобар тренер мажи: Кирил Лазаров (РК Алкалоид)
Најдобар тренер жени: Симе Симовски (Ѓорче Петров)
Најдобра ракометарка: Катерина Дамјановска (Ѓорче Петров)
Најдобар ракометар: Филип Кузмановски (Пелистер) 

2 ноември 2025 - 11:19