Леброн Џејмс за детето џин од Франција: „Никогаш не сум видел такво нешто“

НБА лигата е уникат по многу нешта. Собир на најдобрите кошаркари на светот. Оваа лига видела сè и сешто, па затоа секоја нова појава мора да има невообичаени карактеристики за да ги импресионира тамошните ѕвезди. Виктор Вембанјама е млад Франзуцин, има 18 години. Игра за францускиот Метрополитанс 92, а деновиве бил во развојната Г-лига на НБА.

Висок 220 сантиметри, Виктор Вембанјама го вкуси вкусот на НБА лигата, макар преку егзбициски натпревари против тим од развојната Г лига на НБА и ја фасцинирал цела американска јавност. Со неговиот тим бил на кратка турнеја во Лас Вегас.

Со 220 см Виктор на таа висина покрива повеќе позиции, а фасцинантно е со каква леснотија ја пренесува топката, организира напади, влегува на флоутер, забива од далечина.

После само еден настап во САД, Вембанјама приморал повеќе од 200 скаути на разни клубови од НБА да дојдат да го гледаат.

Тој уште од сега веќе е проектиран за прв пик на драфтот следната сезона во НБА, така што му се предвидува сјајна кариера во најдобрата лига на светот.

На само два егзибициски меча во развојна лига, Вембанјама имал 73 поени (22/44 од игра), 9 тројки, 15 скока и дури 9 блокади! Во сабота се враќа за Франција а во Америка сакаат да го задржат по секоја цена.

„Сите беа јуникорн во последниве неколку дена, ама тој повеќе е како вонземјанин. Никој никогаш не видел некој толку висок како него ама толку флуиден и лесен на теренот. Со сигурност е талент на генерацијата“, рекол Леброн Џејмс и му удрил печат на визата за НБА.

А после стигнале пофалби и од најдобриот НБА играч во последните пар години, шампионот и капитен на Голден Стејт Вориорс Стеф Кари.

„Тој е како играч создаден од видео играта НБА 2K. Бек шутер што може да биде и крило. Голем талент. Прекрасно е да се гледа“.

Виктор Вембанјама игра за Франција и најверојатно ќе биде член од составот на „триколорите“ на Светско првенство следната сезона.

На егзибицискиот турнириграл и Скот Хендерсон, талентиран кошаркар кој е проектиран исто за Топ3 пикови на драфтот следната сезона.

Вембанјама има уште 31 натпревар сезонава за француски Метрополитанс во тамошното првенство а кога ќе ја заврши сезоната во мај догодина, ќе почне да се подготвува за НБА драфтот кој е на 22 јуни следната година.

Агентот на Виктор, Вуна Ендијае вели дека некои НБА тимови веќе го контактирале да се распрашаат за него. Самиот Вембанјама вели: „Знам само дека сум пресреќен што добив шанса. Уште сум воздубен и пресреќен“.

7 октомври 2022 - 12:05