ГЕРИ ПЕЈТОН-СЕНИОР И ГЕРИ ПЕЈТОН-ЈУНИОР
1975-та. 7-годишниот Гери Пејтон гледа како клубот од неговиот роден град првпат станува шампион на НБА по преселбата во Калифорнија. Шампионската титула на Голден Стејт предводен од Рик Бери била единствена од 1962 до 2015-та.
На крајот од ’80-те и почеток на ’90-те години во НБА лигата имаше плејада врвни играчи кои ја засакале кошарката токму како мали во шампионската епоха на Вориорс: Пејтон-постариот, Џејсон Кид, Брајан Шоу, Антонио Дејвис.
2006-та.
37-годишниот Гери Пејтон на самиот крај на својата долга кариера не можеше да се пофали дека освоил шампионски прстен. Како ѕвезда на Сиетл Суперсоникс во 1996-та потклекна пред големиот Мајкл Џордан. Во 2004-та собраните суперѕвезди од ЛА Лејкерс изгубија во големото култно финале од бандата од Детроит Пистонс, па Гери како ветеран доби отказ од Лос Анџелес.
Во таа 2006-та потпиша привремен договор со Мајами Хит каде требаше да биде резерва и каде се најде со некогашниот соиграч Шекил Онил и со Двејн Вејд. Овие двајца му помогнаа да стигне до толку посакуваниот шампионски пехар и да освои прстен во НБА.
2002-ра
53-годишниот Гери Пејтон во улога на легенда и со статус еден од 75 најголеми играчи во историјата на НБА дојде на големата шампионска парада за свежата титула на Голден Стејт Вориорс кои сега не го претставуваат Оукленд туку соседниот Сан Франциско. А на терен беше неговиот син 29-годишниот Гери Пејтон-II.
Сега и таткото и синот имаат шампионски титули и прстени и како такви влегоа во историјата на НБА лигата.
БЕРИ - РИК (1968 - АБА, 1975) и БРЕНТ (2005, 2007)
Како и шампионската традиција во Окленд, така и семејниот поредок во НБА во фамилијата Бери, тргнал со Рик. Сите пет негови сина станале професионални кошаркари а дури тројца од нив заиграа во НБА.
Брент Бери не го сметаа за најталентиран од сите браќа Бери па после школувањето тој добил стипендија само на просечниот Универзитет Орегон Стејт... на кој истата година дипломирал Гери Пејтон-постариот.
Брент Бери дури во трета година на колеџ, на 22 години станал првотимец во универзитетската екипа па го бирале на средина од првата рунда на НБА драфтот 1995. Злите јазици го поврзуваа тоа со неговото презиме.
На таа возраст на која Брент Бери не можеше да се пробие во ротацијата во една од најслабите екипи во НБА, ЛА Клиперс, татко му веќе бил финалист на НБА со Вориорс, скандалозно избегал во АБА лига по изгубено финале на НБА и на крај станал шампион во АБА со Окленд Оакс.
За да стане НБА шампион, Рик се вратил во Голден Стејт Вориорс и ги развалил конкурентите за титулата - ЛА Лејкерс на Вилт Вест и Карим-Оскар од Милвоки Бакс. Дури 8 пати Рик Бери играше на Ол-Стар натпревари и важеше за еден од подобрите кошаркари во тоа време.
А син му Брент на шампионски прстен чекал отприлика исто толку време. Преминал кај Гери Пејтон во Сиетл Суперсоникс, станал таму еден од најдобрите универзални играчи на НБА но не победил во ниту една плејоф серија. На 33 години решава да потпише со Сан Антонио и таму цели четири години се менуваше со Ману Џинобили на позицијата бек-шутер.
Интересно, не е само син му на Брент Бери шампион, туку и внукот Брус Хејл по мајчина линија. Хејл е шампион на НБЛ, една од двете лиги основано во 1949-та година од Националната кошаркарска аосцијација. НБА, АБА, НБЛ, НЦАА (таму титула има најстариот син на Рик, Скутер Бери) - ова семејство ги има практично сите можни шампионски прстени.
ВОЛТОН - БИЛ (1977, 1986) И ЛУК (2009, 2010)
Таткото и синот Волтон станаа првите повеќекратни НБА семејни шампиони во НБА. Како и во случајот со Бери, таткото е еден од најголемите кошаркари во историјата кој играл во НБА помалку отколку што би сакал.
Бил Волтон освоил титула со Портланд кога имал 24 години а зад себе веќе имал 170 натпревари во НБА. За уште толку натпревари му требале 8 години.
Веќе на 33 години Бил Волтон не можел да одигра повеќе од 15-20 минути на паркетот поради слабите нозе и честите повреди. Кога го сменил Роберт Периш во Селтикс бил избран за најдобар шести играч на сезоната 1986-та и во таа година го освоил вториот шампионски прстен.
Лук Волтон растел во семејството Бостон Селтикс но во НБА дебитираше за ЛА Лејкерс и бил дел од тимот во 2004-та со Шек и Пејтон. Лук Волтон чекаше долго време трпеливо и конечно освои шампионска титула и тоа не една туку две. Со ЛА Лејкерс во 2009 и 2010.
Лук Волтон беше најчесто резервен играч и влезе во историјата на Лејкерси како трета најупотребувана резерва по бројот на настапи во финални средби (19 меча во 4 финални серии).
Лук подоцна освои уште еден шампионски прстен и тоа како помошник тренер, асистент на Стив Кер во Голден Стејт во 2015-та. А потоа кога поради операција Кер отсуствуваше долго време од паркетите, него во улога на главен тренер го замени токму Лук Волтон кој имаше невозможна серија од 73 победи и само 9 порази во регуларна сезона.
ТОМПСОН - МАЈКЛ (1987, 1988) И КЛЕЈ (2015, 2017, 2018, 2022)
Гери Пејтон II не е единствениот наследен шампион во Голден Стејт Вориорс 2022. Иако во составот на Воините имаше наследници чии татковци биле близу титулите но не освоиле: Дел Кари нема прстен, Мичел Вигинс изгубил во финалето 1986-та со Хјустон.
Единствено Мајкл Томпсон, таткото на Клеј бил најтрофеен во целото семејство Томпсон. Центарот имал два шампионски прстени со ЛА Лејкерс (1987 и 1988). Но на сцена се појавува Клеј Томпсон, неговиот син кој станува еден од најдобрите шутери во историјата и кој во тандем со Стеф Кари освојува дури 4 шампионски титули со Голден Стејт Вориорс!
Но интересно е што во Клеј ретко кој гледал кошаркар на млади години. На колеџ го сметале некаде на 50-то место по квалитет во неговата возраст. Мајкл Томпсон од друга страна бил ѕвезда уште од училишни денови. По успехот во НЦАА бил избран како прв пик на драфт од Портланд кој го земал како замена на Бил Волтон.
Во НБА играл и постариот син на Мајкл но само 5 меча.
НЕЛСОН - ДОН (1966, 1968, 1969, 1974, 1976) И ДОНИ (2011)
Списокот на семејни шампиони не се ограничува само на тројца играчи туку се наоѓаат и други примери. Например Дон Нелсон до големата тренерска кариера бил дел од династијата на Селтикс и освоил дури три шампионски прстени со тимот на Бил Расел и уште два по неговото заминување во пензија.
Дони Нелсон не играл на професионално ниво. Во 2005-та година Дон му го предал на син му управувањето со Далас и овој како нов генерален менаџер на Маверикс за неколку сезони собра екипа која се избори за шампионски прстен. 35-години постариот Дон Нелсон работеше и како тренер и како генерален менаџер но не го повтори играчкиот успех иако дури три пати го бираа за тренер на годината во НБА.