По интернет-форумите како Редит, се појави необичен феномен што корисниците го нарекуваат „Оземпик пенис“. Неколку мажи кои користат лекови од групата GLP-1, како семаглутиди (како Оземпик), тирзепатиди и лираглутиди, споделуваат дека пенисот им изгледа поголем - понекогаш дури до 3-4 см повеќе. И нормално, интернетот и реалноста не се секогаш исти.
Придобивките од инјекциите за слабеење Вегови и Оземпик се многу поголеми од нивната оригинална намена. Според ново истражување, тие значително го намалуваат ризикот од срцев или мозочен удар кај корисниците, без оглед дали воопшто ќе им ја намалат тежината. Најголем позитивен ефект врз здравјето на срцето имало топењето на маснотиите во стомакот.
Во последниве неколку години, естетската хирургија во САД и Европа бележи забележлив пресврт: класичниот лифтинг на лицето, некогаш сметан за екстремен и лесно препознатлив, повторно станува тренд - но во нова, речиси невидлива форма.
Откако се збогатија со инјекциите оземпик, вегови и мунџаро, фармацевтските гиганти почнаа трка со апчиња за слабеење, кои се помалку ефикасни, но се поедноставни за употреба и веројатно ќе бидат поевтини. Новото апче на Илај Лили топи 12% од тежината. Конкурентското на Ново Нордиск топи 15%. Спуштаат и холестерол и притисок. Сè уште не се одобрени. Трката ќе почне во 2026 година.
Новата бизарна контраиндикација на користење Оземпик за слабеење се вика оземпик-уста, или оземпик-насмевка и е феномен што се гледа кај се повеќе корисници на лекот.
Потсетување кога Роберт Ф Кенеди Јуниор (неодамна назначен за американски секретар за здравје и човечки услуги) предупреди дека корумпирани конгресмени буткаат навидум благородна идеја, ефикасниот лек за дијабетес и слабеење да биде ставен на позитивна листа поради ендемскиот проблем на Американците со вишокот килограми. Со тие пари, вика Кенеди, можеме за секој човек да обезбедиме три здрави оброци дневно и членска карта во теретана.
Една од нуспојавите на Оземпик за која луѓе не сакаат да зборуваат е како освестените, посебно женскиот дел од нив, до последен твит ја бранеа „телесната позитивност“ додека во исто време решето се правеа со терапијата за слабеење.
За прв пат во последнава деценија бројот на дебели луѓе во САД не само што не продолжил да расте туку и се намалил, и по ново излегува дека за тоа најверојатно е одговорен Оземпик и нему слични.
Обично годините кои се зад нас ги оценуваме како добри или не толку добри во зависност од личните или глобалните околности - војни, пари, здравје. Но кога би ги проценувале во однос на тоа што сме научиле, нештата би можеле да бидат поинтересни и да мотивираат списокот следната да биде уште поголем.
На лекот за дијабетес кој стана популарно средство за слабеење, му нашле уште една употребна вредност што може да им помогне на милиони луѓе. Студија во Шведска покажала дека луѓе кои користат Оземпик имаат помали шанси да завршат во болница поради злоупотреба на алкохол. Накратко, со Оземпик нит ти се јаде, нит ти се пие. За секс уште не се знае.
Откако со Оземпик несакајќи започна сосема нов пазар кој се очекува до 2030 да вреди 130 милијарди долари, Ново Нордиск сега треба да ја брани својата водечка позиција (приходи), со нов модел и бренд на терапија базирана на семиглутиди која помага во слабеење. Решението се вика Кагрисема.
Англискиот премиер и надлежниот министер за здравство се убедени дека можат да гио намалат притисокот врз преоптоварениот здравствен систем во земјата така што на милиони Британци ќе им дадат бесплатна помош за слабеење во вид на популарниот Оземпик. Идејата им има две фази: прво дебелите да ослабат а потоа да се впрегнат на работа.
Главното алиби на Ново Нордиск за баснословните цени на нивните два водечки производи Оземпик и Вегови дека се истуриле од давање пари на истражување и развој, наскоро нема да држи, бидејќи според продажната цена и обемот на продажба тие го имаат преплатено целото истражување и развој.
Хемичарката Светлана Мојсов деновиве доби една од најпрестижните научни награди во светот заради нејзините заслуги во истражувањата кои доведоа до хитот за слабеење Оземпик. Долго време во влијателни научни кругови се маргинализираше нејзиниот удел, сè додека таа не реши да проговори и да се бори нејзиното име да биде додадено на основните патенти како ко-пронаоѓач. Ласкер ја исправија неправдата.
Пластични хирурзи предупредуваат дека Холивуд го зафаќа криза на „Оземпик фаца“, карактеристична за брзо слабеење за кое е заслужен Оземпик, лекот за дијабетес (кој го има креирано ќерката на Лазар Мојсов, висок комунистички функционер од Македонија). Не е само Холивуд туку е глобална манија: на ТикТок има 86.700 видеа тагирани со „оземпик.“ Каква е оземпик фацата? Скоро како кај Рацин: „веѓи паднаја надолу и усти се свија кораво“.
Оземпик, лекот за дијабетес кој се претвори во магична диета, може профитабилно да биде произведен за 5 долари месечно и покрај тоа што Ново Нордиск во САД го наплаќа речиси 1.000 долари.
Откако беше откриено дека лекот за дијабетес има нус-појава во која го блокира апетитот и драстично помага во слабеење, сега жените открија и негова втора нус-појава, а тоа е дека додека го користат полесно остануваат бремени.
По барање на производителот Ново Нордиск а одобрено од американската Агенција за храна и лекови, популарниот лек за шеќер/слабеење Оземпик во иднина ќе доаѓа со уште едно предупредување за несакана појава: блокада на цревата. Судбината на Елвис Присли предупредува дека тоа не е банална работа.
Иако неделата ја започнаа со мал пад, акциите на Ново Нордиск не го губат моментумот, добиен од глобалната популарност на нивните лекови за слабеење, Оземпик и Вегови. На берзите никој не се сомнева во иднината на компанијата која стана важна не само за нејзините акционери туку и за данската економија.
Лекот за дијабетес кој станува хит меѓу оние кои сакаат да ослабат, како и сè друго што е популарно, е предмет на контроверзи и дебати. И ние сме пишувале за штетните ефекти, но во критиките има и нешто друго: морална осуда на оние кои го земаат, дека сакаат лесно и без страдање да избегаат од својата дебелина.