Навивачите на ЛА Клиперс го зафркавале Дончиќ за дебелина

ЛА Клиперс кој игра катастрофална сезона и има 21 пораз на 28 натпревари, во саботата вечер неочекувано и лесно го совлада големиот градски ривал ЛА Лејкерс.

Интересно, од неодамна најгласните навивачи на ЛА Клиперс во нивната нова модерна арена „Интуит Дом“ се сместени зад еден од кошевите.

Од таму често им сметаат на противничките кошаркари кога изведуваат слободни фрлања, а една статистика покажала дека многу кошаркари имаат послаб процент на погодени слободни фрлања кога гостуваат кај ЛА Клиперс отколку вообичаено во НБА.

На таканаречениот „Ѕид“ во Лос Анџелес по примерот на „Жолтиот ѕид“ на навивачите на Борусија Дортмунд, има 51 ред и стотина навивачи на ЛА Клиперс кои постојано прават голема врева и им попречуваат на противничките играчи.

Така сега на дербито со ЛА Лејкерс му викале и му мавтале на Дончиќ: „Оземпик, Оземпик!“ (програм за слабеење) поради тоа што Лука минатото лето ослабна неверојатно многу за помалку од 90 дена како наводно да користил недозволени диети. Му скандирале и разни други диети и програми за слабеење па Лука се иритирал и провоцирал.

Суперѕвездата Лука Дончиќ пред полувремето ја повредил левата нога и до крајот од дербито не се враќаше во игра. До тој момент постигна 12 поени со пет скока и две асистенции за 19 минути.

22 декември 2025 - 13:18