На Инстаграм Сторис, Бела Торн се отвори пред фановите за еден ранлив момент од животот - дека се мачи со сликата за себе и објасни дека делумно за тоа е виновен и трендот со масовно користење Оземпик.
Оземпик е лек кој се препишува за диабетес тип 2, но огромен број ѕвезди открија дека го користат за слабеење. До толку е раширен, што постои нешто што се вика „Оземпик фаца“ и јавни дискусии околу тоа дали е морално препорачливо славните да признаат дека го користат.
„Не ми е убаво во моето тело веќе некое време,“ рече Торн пред следачите. „Особено кога сите се на Оземпик и се поставуваат ненормални стандарди за убавина што не можеш да ги постигнеш ако не си на Оземпик.
Пливам секој ден и се потам и пешачам насекаде. И конечно се чувствувам добро. Конечно ми е добро, па Оземпик, можеш да…“ и го крева средниот прст кон камерата.
Торн инаку често споделува вака со фановите - претходно зборуваше за менталното здравје и колку е важно да се контролира повремено, за да не се пропадне психички.
Во последно време, Торн го промовира краткиот филм Unsettled, избран за Меѓународниот фестивал на кратки филмови во Палм Спрингс. И треба да режира нов долгометражен филм, Color Your Hurt.