Признанието беше откако со месеци ја прашуваа за нејзината трансформација, за која што, како и сите што пијат Оземпик и имаат креативни одговори, таа рече дека е од „пешачење по Њујорк Сити“.
„Не планирав да го дискутирам ова,“ рече на нејзиното шоу. „Сите мислат дека е Оземпик. Не е. Друго е. Ама е нешто што помага во разложување на шеќерите. Очигледно моето тело не го бива за тоа.“
Кларксон не чувствувала одговорност да мора да сподели, но се наметнува прашањето, со многуте јавни слабеења што ги гледаме - имаат ли ѕвездите одговорност да кажат како стигнале до посакуваната фигура, со оглед на тоа колку влијаат на обичниот свет?
Експерти за бихејвиорални промени сметаат дека ако јавните личности зборуваат за слабеење, а притоа испуштаат да кажат како дошле до тоа, се предизвикува негативен ефект. Не мораат да кажат со што ослабнале, како што не мораат да откријат какви козметички процедури имаат на нив. Но, ако зборуваат дека ослабеле со здрави навики, секогаш треба да додадат контекст дека користат и рецепти за апчиња, доколку е така, за тие што ги следат да имаат реалистични очекувања.
Ова е важно затоа што може да се намали стигмата, а да се зголеми јавната свест за гојазноста, може да биде и едукативно (луѓето слушаат што ќе им кажат омилените луѓе од телевизија). Проблемот настанува кога ќе се дојде до фактот дека на овој начин се промовираат слабите тела како најпосакувани, па многумина можат да развијат психолошки проблеми.
Од друга страна пак, позитивно е што кога ќе признаат дека имаат помош за слабеење, на јавноста ѝ кажуваат дека „се како нив, и дека и тие се обични луѓе.“
А сепак, овие што ќе ги видите подолу на видеово се сите обвинети за Оземпик. Гледајте само што одговараат кога ќе ги прашаат како ослабеле: