Ем главниот конкурент на Нордиск, Илај Лили извади лек, Зепбаунд, кој има подобри резултати во слабеење од Вегови на Нордиск, ем патентот за семиглутиди што компанијата го има во Европа е пред истекување до 2031, а во Кина до 2026, по што ќе може да се појават генерички, и далеку поевтини, верзии на Оземпик и Вегови.
За да остане пред конкуренцијата и рокот на патентите, Нордиск почна да работи на состојка наречена кагрилинтид, кој во комбинација со семиглутид, го создава хибридот што Нордиск го нарекува Кагрисема. Нордиск проценува дека Кагрисема ќе им помогне на пациентите да изгубат најмалку 25% од својата тежина, со што станува најефикасниот третман за губење килажа, потенцијално без нус-појавите од Вегови.
Една од најголемите придобивки кои ја најавуваат научниците на Нордиск е дека Кагрисема ќе успее да го спречи и јо-јо ефектот што го имаат нивните корисници, кои почнуваат да ја враќаат килажата откако ќе престанат со пиење на апчињата.
Моментално главниот конкурент на Вегови е Зепбаунд на Илај Лили, во Европа лекот се води под брендот Мунџаро, од кој се слабее 21% од тежината, додека кај Вегови просекот е околу 15%.