Ник Шифер е сопственик на американскиот НС Билдерс и е дрводелец мајстор, титула која во САД се добива по школо, не по визит карта. Шифер е во Швајцарија каде посетува едно дрводелско средно училиште. Некаде пред средина на турата низ училиштето веќе му дојде да ја скине дипломата што ја има.
Во 1977, Мик Џегер седи на интимна вечера во Бодрум. На одмор е во Турција, со претседателот на Атлантик Рекордс, Ахмет Ертегун и чека да го запознае последниот и со најголемо нетрпение очекуван гостин: накитениот турски стомачен танчер и турска верзија на Либераче - Зеки Мурен.
После првите ракометни чекори во Овче Поле, Кире Лазаров уште како тинејџер се соочил со големи предизвици во дресовите на Борец и Пелистер. Во Велес имал голема минутажа, на 15 години почувствувал меч против актуелен европски првак, ама навечер не водел спортски живот. Трансферот во Пелистер бил полн погодок и покрај тоа што на почеток греел клупа и вршел притисок дома, веднаш да му најдат друг клуб.
„Секогаш на победа“ е збирка на лекции како се доаѓа до успех, а Кире во воведниот дел ја раскажува онаа детската, целосно непозната за јавноста. Од уличните тепачки на фудбал, првите ракометни предизвици на влажните асфалти каде се кинеле патики за 20 дена, глупоштиите со другарите, па сè до денот кога бирал меѓу два спорта кои имаат заеднички елементи.
Март 1997 година. На патот до уште една шампионска титула, Булс веќе трет пат во сезоната ја победија Филаделфија Севентисиксерс. Но во печатот и на улиците во САД никој не зборувал за новиот гостински триумф на Чикаго Булс, туку насекаде се зборувало за малиот Ален Ајверсон, првиот пик на НБА драфтот претходната година.
И не само од НБА, туку од сите најголеми спортски првенства во САД, шампионите регуларно почнале да ја посетуваат Белата куќа во ’80-те кога на власт најчесто биле претседатели од Републиканската партија: прво Реган, а потоа и Џорџ Буш.
„Опкружена сум со монограми откако знам за себе, дури и пред да знам да ги прочитам. Мали LV-а, преклопени C и G, често и на рака кај мајка ми. Сепак, овие не беа направени во Париз, туку во Итаевон, соседството во Сеул познато по пазарот на лажњаци.”
За разлика од неговите врсници кои за да остават добар впечаток пред девојките, велат дека читаат, најталентираниот италијански стопер вели дека чита за своја душа и дека книгите го формирале како личност.
Дека упорноста секогаш се исплати се уверуваме преку фудбалскиот пат на Дрис Мертенс, 169-сантиметри ’високиот’ белгиски крилен напаѓач кој е дефиниција за „лажна деветка“.
Од својата рана возраст, кога имал 14 години па до ден-денес Луис Суарез најголемата поддршка во животот ја имал од својата некогашна девојка а денес сопруга Софија со која поминал неверојатен пат.
Кого и да прашаш, првиот одговор би му бил „веројатно лесно и пријатно.” Веројатно би се појавил дури и презир и одмавнување со рака, со една самоувереност, како да се знае како „тие работи функционираат”. Една жена, некаде на крајот од шестата деценија од животот, за The Cut анонимно ја раскажува нејзината приказна за движење низ животот кога си преубава.
„Сакам да направиш нешто пред да влезеш во тој живот: да живееш сама некое време. Сакам ова да си го подариш себеси, дури и ако лудо се вљубиш на мали години.”
Ако има книга за врски што несвесно е напишана за Фејсбук, тоа е „Too Good to Leave, Too Bad to Stay“, пишува Мери Елизабет Вилијамс во Салун, опишувајќи ја својата токсична врска и проблемите со раскинување со најголемата социјална мрежа.
Вјеран Миладиновиќ беше првиот јавно деклариран транвестит во Југославија и ѕвезда во филмовите на Желимир Жилник. Во светот на шоу-бизнисот беше познат како „Мерлинка”, а приказната за неговото убиство и денес предизвикува мачнина - никој не одговараше за тоа страшно злосторство.
„Кратко откако се смирив со еден поранешен дечко,” почнува Харлинг Рос во своето излагање за Man Repeller, на тема што пред 10 години не ни постоеше, „сфатив дека е време за еден разговор. Го седнав, ја ставив раката на неговото колено, го погледнав длабоко во очи и реков, ‘Навистина мораш да почнеш да ми лајкаш на Инстаграм.’”
Не знаат да се изразат на македонски. Имаат концентрација на златни рипки. Не можат да издржат ни момент досада. Немоќни сме сосема да им забраниме, па смислуваме триста стратегии со кои ограничуваме или казнуваме. Има ли чаре, и за нив, и за нас?