Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Кога не може да го спаси Наќе, Лорета не може да најде превоз

21 мај 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • На седница по полноќ Судскиот совет му го одзеде имунитетот на врховниот судија Наќе Георгиев, кој беше уапсен во моментот кога зема пари за да му заврши работа, односно услуга на обвинет и да издејствува најблага казна за него.
  • На седницата не дошла членката на Советот Лорета Георгиева, сограѓанка на Наќе Георгиев од Струмица. Не можела да најде превоз од Струмица ако Советот не ѝ организирал.
  • Лорета Георгиева зимата водела предмет-иницијатива за разрешување на Наќе Георгиев, поднесена од бизнисмен кој тврдел дека го оштетил со над милион евра. Иако оштетениот во детали опишал како во два наврата пониските судови, основниот и апелациониот суд решавале во негова корист, а само кога предметот ќе го земел (граѓанскиот врховен судија) Георгиев, тој одлучувал спротивно од овие две судски инстанци, сепак Георгиева во еден долг говор на седница на Судскиот совет, ги убедуваше членовите дека тој постапувал совесно и стручно.
  • Истите тие членови на Судскиот совет кои ја послушаа колешката Лорета Георгиева и гласаа да се отфрли претставката против Наќе Георгиев, ноќеска му го одзедоа имунитетот и му го одобрија притворот, само што се изгубија месеци и на Советот му залепија уште еден минус, за конечно да го допре дното, пишуваат СДК.
извор

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
  • Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
  • Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
  • Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
извор

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
  • Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
  • Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
  • Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
  •  На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Фудбалски распад систем на Македонија

Фудбал
2

Зденка цела да е

Македонштина
3

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
4

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

5

Туѓото лесно се подарува

Балканштина
6

Самоил и дупките

Балканштина
7

Мирисот на Мосад

Разно
8

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

1

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
2

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

3

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
6

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

7

АНБ со мирис на УДБА

8

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Патуваме, патуваме, денес со...

Министер, амбасадор, планктон

Кога музичарите не се трпат

Збирка @IlinaBookbox

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy