Дрводелско училиште, ама во Швајцарија

Ник Шифер е сопственик на американскиот НС Билдерс и е дрводелец мајстор, титула која во САД се добива по школо, не по визит карта. Шифер е во Швајцарија каде посетува едно дрводелско средно училиште. Некаде пред средина на турата низ училиштето веќе му дојде да ја скине дипломата што ја има.

Како прво и основно сите поголеми швајцарски компании што работат со дрво бараат задолжителна диплома од дрводелско. Не од курс, туку од целосна 4-годишна обука.

Самото школо има опрема како која било поголема компанија за производство на мебел, врати, прозори или дрвени куќи. Самите задачи што ги вршат учениците се на ниво на инженери.

Делот што го шетаат е посветен на практичниот дел од образованието, инаку сите ученици минуваат и теоретски дел во кој ги учат сите неопходни основи за тоа што утре ќе треба да го сработат.

 

29 септември 2022 - 14:42