Белгиската влада ќе интервенира во случаи кога проститутките премногу често ќе одбиваат секс. Новиот закон регулира и подобрува многу аспекти од работата на сексуалните работнички но и овој погоре - ако веќе се работнички, треба да се работи.
Како и за многу претходни, така и за претстојните Летни Олимписки Игри 2024 во Париз, организаторите решиле да спремат и поделат околу 300.000 презервативи за учесниците кои ќе бидат сместени во олимпиското село.
Алекс Сорос за Св. Валентин објави заедничка фотографија од Париз со една од најблиските долгогодишни соработнички и советнички на Хилари Клинтон, Хума Абедин, некогашната сопруга на посрамениот демократкски конгресмен Ентони Винер, кој несакајќи стана еден од виновниците за поразот на Хилари на изборите 2016.
Постојат херои кои сите ги знаеме но и херои кои допрва треба да се препознаат. Таков е гитаристот на MC5, еден од најважните рокенрол бендови на сите времиња, Вејн Крамер (1948 – 2024). Нејасно е како таква величина остана на маргините сè додека Том Морело од Рејџ не почна да зборува колку му значел нему и на групата.
На интернет протече снимка од млад дечко кој се снимал како се буфта во официјалните простори на американскиот Сенат по што брзо отказ од позицијата помошник на еден сенатор. Ок, младост, лудост. Она што ни е поинтересно; дечкото пробува да се позиционира како жртва во целиот случај. А други го јачаат дека тоа неговото било бунтовништво.
Легендарниот Бразилец кој по конституција и градба личеше на сè освен на врвен голгетер и неверојатен стрелец, беше најзаслужен што просечниот клуб Вердер од Бремен стана сензационален шампион на Германија а тој прв стрелец во Бундеслига.
Колумбискиот голман важеше за еден од поексцентричните фудбалери какви што фудбалот ретко видел. Тој често излегуваше далеку од својот гол, дриблаше, започнуваше напади, ризикуваше, шутираше слободни удари. Автор е на култниот удар скорпион против Англија на „Вембли“.
Во деновите пред нападот од 7 октомври на берзата во Њујорк вложени се огромни суми пари кои се кладат на тоа дека во скоро време вредноста на израелските акции ќе падне.
Повеќе од две децении откако беше легализирана, германските политичари сега бараат начин како да ја забранат проституцијата, бидејќи државата почнала да станува „борделот на Европа“.
Ако Трамп или Болсонаро ви изгледаа ексцентрични и контроверзни, чекајте да го видите Хавиер Милеи, крајниот десничар кој стана претседател на 45 милионската Аргентина. Вака „полемизира“ човекот кој има фитил пократок од оној на Јаран од Ноќна Мора: - Оние левичарски говна... - (водителката) Ама зошто ги нарекувате така? - Затоа што се говна.
Германски студенти деновиве гласаа околу едно од најгорливите прашања што ги тангира во 2023: дали во јавните тоалети во еден тамошен универзитет треба да се постават „глори-холс“ за анонимен секс.
Копијата на Икс (Твитер) на гигантот Мета блокира да се интересирате за ковид, но и за ред други „непријатни“ теми. Ќе пуштеле резултати за пребарувањата кога ќе биле сигурни дека тие ќе бидат „квалитетни.“ Надвор од темата: пишурија беше да се следи како на Threads итно се натопорија локалните квази- прогресивци, среќни што си нашле место далеку од лошиот Маск.
Секако дека идните вселенски туристи ќе имаат секс во вселената и тоа главно не е проблем, но што и да прават треба да гледаат да не затруднат во вселената, се порачува во истражување направено баш на оваа тема.
За новата светска шампионка на 100 метри, Шакари Ричардсон се крие приказна составена од напуштања, обиди за самоубиство, кавги, долги нокти, срушени рекорди, малку радост и ракувања.
Неименуван извор изјави дека во разговор со странски политичар, било спомнато дека нивната влада претпоставува дека Џо Бајден нема да биде кандидат на Демократите во 2024, пишува Тим Стенли во текстот за Телеграф. Џо ќе се повлече пред првите партиски избори, што ќе биде предоцна за во трка да влезе кандидат предложен од базата, па на конвенцијата ќе биде крунисан предлогот на естаблишментот. Кое е името на среќниот добитник? Мишел Обама.
Таткото на панкот и фронтмен на Секс Пистолс, Џони Лидон (екс Џони Ротен), запука по денешните либерали затоа што проповедаат масовни миграции и уништување на работничката класа, во име на некаков модерен елитизам. „Викаат црнци на вечера само затоа се црнци и само затоа што сега тоа е фенси,“ вели Џони за снобовите кои се нарекуваат прогресивци.
Голем инцидент се случи на 15. алпска етапа на Тур де Франс. Главен кривец е неодговорна бараба која сакала да се слика со велосипедистите и да земе некој сувенир од нив среде трка, на 50-от километар од патеката. Прв настрадал Американецот Сек Кус после што следувала ланчана реакција и лом.
Жена која нема никаква професионална основа, на страна искуството што го има со своето дете, добива несразмерно големо влијание во една од клучните британски институции за родов идентитет кај децата, клиниката Тависток. Сега кога веќе нема пристап таму, станува јасно дека никогаш не требала ни да припари.
Социјалната мрежа во сопственост на Мета помага да се поврзе и промовира обемна мрежа на профили кои се отворено посветени на нарачување и купување на содржини со малолетнички секс, покажала заедничката истрага на Вол стрит журнал, Станфорд и Масачусетс универзитетите.
Педофилот со моќни врски кој ѓоа се самоуби во затвор под полна присмотра, му се заканувал на Бил Гејтс дека ќе го раскринка за неговата секс-афера со една руската играчка на бриџ. Вакви ишарети Епстин му пратил на Гејтс откако овој одбил да учествува во еден мулти-милијардерски хуманитарен фонд со ЈП Морган.
Не само што во приватниот календар на Брајан Епстин беа најдени интересни имиња како што е екс директор на ЦИА и стариот Ноам Чомски туку надлежниот американски судија конечно подобјасни зошто не ја отфрла тужбата против Дојче Банк и ЈП Морган и Чејс.
Теоријата вели дека жените за секс одбираат паметни мажи и заради сопствен ќар и заради еволутивно подобрување на гените на нашиот вид. Ако беше така, човештвото требаше да станува сè попаметно. А свртете се наоколу и ќе видите - не е така. Не само што интелигенцијата не помага туку закономерноста оди во спротивна насока.
„Би можел да се извинам, ама, нека се лечи“ ѝ порача Рамбо на Лејла Кашиќ, продуцентката на емисијата Дневница која го обвини за сексуално вознемирување.УНИЦЕФ брзо го замрзна ангажманот на Рамбо како амбасадор на добрата воља а тој молчеше неколку дена. Еве ја сега неговата страна на приказната.