Поранешен шеф на Светската трговска организација, вели дека Британија наскоро ќе мора да заземе страна доколку новата американска администрација го оствари она што Трамп го ветуваше во кампањата, воведување мрсни царини за увозот што објективно води кон можна глобална трговска војна. За британскиот есап, цифрите се на страната на ЕУ.
Ветеранската битка која што се чекаше повеќе од една година конечно се оствари. Во Њујорк во спектаклот УФЦ 309 се бореа големите шампиони Џон Џонс и Стипе Миочиќ. Џонс победи и на крај направи шоу со Доналд Трамп кој седеше во прв ред.
Наспроти сите мега етаблирани аналитичари, тинк-тенкови и анкети кои инсистираа на неизбежна победа на Камала Харис, платформата за кладење Полимаркет упорно, покажувајќи го расположението на кладилничарите, тврдеше дека победник ќе биде Трамп. Е, ФБИ направи рација во станат на ЦЕО-то на компанијата.
Германски Сент Паули реши да се повлече од познатата светска мрежа Х за која велат дека била генератор на хомофобија. Има муабет дека и други би тргнале по нивни стапки.
Меѓу сите назначувања што Трамп ги објавува деновиве, ни едно не изненади и стаписа луѓе како одлуката позицијата министер за одбрана да му ја додели на поранешниот водител на Фокс и офицер во американската армија, Пит Хегсет.
Порано, кога некои ќе изгубеа на избори, ќе се ракуваа со победниците или барем ќе им речеа „ќе видите колку имате погрешено“. Во меѓувреме стасаа некои нови модели на луѓе кои за сенешто срцето им е скршено, сенешто некоја вест ги направила парампарче, врескаат и се трескаат (за да го објават тоа на ТикТок). Најобразованите, како и секогаш, се најглупи.
Во првите два дена од изборите Републиканците ја земаа Белата куќа и Сенатот, за потоа на Изборната комисија да и требаат уште 10 дена за да ги преброи гласовите за уште петнаесетина места кои го одлучуваа Претставничкиот дом. Денес и таму победата ја однесоа републиканците.
Откако прво најави дека нема да биде диктатор „освен на првиот ден“, Трамп на својата листа за овој ден нареди сè од депортација на мигранти до отпуштање на илјадници вработени во американската администрација.
Се вика Том Хоман и е поранешен полицаец, па еден период работи на границата, за во времето на Трамп да биде именуван за директор на ИЦЕ, агенцијата задолжена за царина и гранична контрола на САД. Ликот изгледа и звучи како да ќе ја реши американската граница до Венецуела.
Христо Стоичков некогаш играл голф на истиот терен на кој бил и Доналд Трамп. Отишол и му се претставил кој е а Трамп како од пушка го прашал: Бојко што прави? Потоа два ипол часа седеле покрај камин во Белата куќа (Трамп и Бојко) и бистреле политика. А кога се виделе следниот пат, Бојко го прашал, ти текнува ли бе Трамп што ти кажував за Украина? Ете со какви си имаме проблеми.
По прогласувањето на Доналд Трамп за претседател на САД, неговиот колега Јун Сук Јол, за прв пат по осум години се фатил пак да вежба голф подготвувајќи се за „голф дипломатија“ со следниот американски претседател.
Во романот „Серотонин“ од Мишел Уелбек од 2018 година (види Букбокс читанка), еден разведен аристократ води бунт на фармерите. За 19-ти ноември, се најавува уелбековска катарза на британската политика: се очекува Џереми Кларксон да ги води фармерите во Вестминстер за да протестираат против „данокот за трактор“ на Рејчел Ривс кој се однесува на оставањето наследство на земјоделски имот на децата.
Сите светски медиуми јавуваат дека е извесно оти Трамп за државен секретар ќе го одбере Марко Рубио (53). Сенатор на Флорида од кубанско потекло, прв латино политичар кој ќе заземе таква топ позиција. Во последно време беа шајка иако не беше баш толку одамна кога тој го нарекуваше Трамп измамник (con artist) кој никогаш нема да стане претседател на Америка. Енивеј, битно Израел се радува.
Ограничувањата кои треба да го гарантираат членството на САД во НАТО не се толку силни и опсежни како што се мисли и ако Трамп одлучи вистински дека неговата држава треба да ја напушти Алијансата има начин како да го направи тоа.
Пукнати да ја видат својата пуленка како претседателка на САД, Си-ен-ен најде начин како и на нив да им пројде меракот Камала да биде претседателка, а и Трамп да го отслужи мандатот. Како и во јули, така и сега, целата нивна среќа е во рацете на Бајден.
Во Демократската партија во полн ек е покажувањето со прст и барањето виновници за катастрофалните избори на кои останаа без претседател, без Сенат, а најверојатно и без Претставнички дом.
Од жените гласачи во САД некои очекуваа дека по природа на својот пол ќе знаат кого да изберат кога се бира меѓу една Камала Харис и еден Доналд Трамп. Сега многумина од таквите елитисти се разочарани, особено од белите жени. Емоциите ги водат и кон некои јако блесави идеи: оние кои не гласале за Трамп, да носат сини нараквици, за да се препознавале меѓу себе и да се разликувале од „предавничките“.