Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Европска поддршка за арапскиот план за Газа

8 март 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Франција, Германија, Италија и Британија го поддржаа арапскиот план од 53 милијарди долари за реконструкција на Газа без трајно раселување на Палестинците.
  • „Планот ветува брзо и одржливо подобрување на катастрофалните услови за живот на Палестинците од Газа“, објавија министрите за надворешни работи на четирите европски земји.
  • Хамас „не смее да владее во Газа и повеќе не смее да биде закана за Израел“, додаваат министрите. Главната улога треба да ја имаат Палестинските власти.
  • Арапските земји го поддржаа планот на Египет. Го одбија Израел и американскиот претседател Доналд Трамп, кој претстави свој проект за „Блискоисточна ривиера“ во Газа, но без Палестинци во неа.
извор

Њујорк Тајмс за желките од Голем град

17 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Необичното однесување и отворените прашања поврзани со потеклото и иднината на желките од островот Голем Град во Преспанското Езеро, се во фокусот на неодамнешен напис на американскиот весник Њујорк Тајмс. Текстот бил поттикнат од новиот научен труд на нашиот херпетолог д-р Драган Арсовски, објавен минатиот месец во реномираното списание “Ecology Letters”.
  • На островот живеее исклучително густа и навидум просперитетна популација желки. Меѓутоа, зад оваа бројност се крие сериозен проблем: половата структура е драматично нарушена. На секоја возрасна женка има по 19 мажјаци, што претставува екстремна диспропорција со далекусежни последици.
  • Ваквиот дисбаланс резултира со изразена сексуална агресивност кај мажјаците, кои неретко се обидуваат да се „парат“ и меѓусебно. Женките се изложени на постојан прогон, стрес и физички повреди. Во обид да избегаат од агресијата, дел од женките завршуваат преку стрмните островски карпи - во провалија и сигурна смрт.

* Линк до трудот на д-р Драган Арсовски

* Види и: Што ги натера македонските желки да станат геј?

извор

Полска ќе бара воени репарации и од Русија

17 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Полска најави дека официјално ќе поднесе барање за воени репарации од Русија, за злосторства извршени од Црвената армија во Втората светска војна и во периодот на советските интервенции во Студената војна. Премиерот Доналд Туск наредил формирање тим историчари за да ги проценат штетите. 
  • Варшава веќе побара од Германија да ѝ плати 1.300 милијарди поради злосторствата извршени од нацистичките сили за време на Втората светска војна. Канцеларот Фридрих Мерц одговори дека од перспектива на Берлин, прашањето за репарации одамна е правно и политички затворено.
  • Бартош Гондек, директор на институтот задолжен од Туск, изјави дека истрагата за Русија е пообемна, со оглед на тоа што Полска поминала четири децении под советско влијание.
  • Коментирајќи ја заканата од Полска, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави: „Како репарација, можеме да обезбедиме линк до видеото од операта Иван Сусанин“.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Може замена за буквар?

Македонштина
2

Зошто атрактивната Холанѓанка после секоја трка се соблекува пред камера?

3

Рубио ја испрати Европа по ѓаволите. Европа бара да ѝ го покаже патот

Мислења
4

Холандија ќе ја полни касата со данок на нереализирана добивка

Свет
5

Спасете Фиќо од домашни проблеми

Македонштина
6

Столе Димитриевски бранеше како мачка, Валенсија победи

Фудбал
7

Драги Холанѓани, затнете нос и голтнете

Онака
8

Времето ги открива улогите

Разно
1

Холандија ќе ја полни касата со данок на нереализирана добивка

Свет
2

Рубио ја испрати Европа по ѓаволите. Европа бара да ѝ го покаже патот

Мислења
3

Американски и холандски пилоти го бранат Киев од руски ракети

Свет
4

Старееме најбрзо во Европа

5

Њујорк Тајмс за желките од Голем град

6

Разјаснета врската помеѓу вакцините и згрутчувањето на крвта

Здравје
7

Калифорнија купува американски бензин преку Бахамите

Свет
8

За СДСМ е понижувачко што Вучиќ спомнал дека Шеќеринска е женско

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Зошто го сакаме Балканот

Македонштина

Спасете Фиќо од домашни проблеми

Македонштина

Може замена за буквар?

Македонштина

Скопје на чекор од средновековни болести

Македонштина

Еве зошто се дебили оние од пакетчињата „Богати и славни“

Македонштина

Орајте ноќеска само за неа

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Капитализам со суперхиковски лик

За домашните црепови што веруваа дека поинаку ќе нè викаат

За да бидеш подобар човек, треба да знаеш да се засрамиш

Лекторирајте го Груевски

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy